Награда за македонскиот сатиричар Васил Толевски

Скопје, 7 октомври 2011 (МИА) - Васил Толевски од Скопје доби награда „Златен круг“ што за сатирична книжевност ја доделува Белградскиот афористичарски круг (БАК).

Наградата на Толевски му ја врачи претседателот на БАК Александар Баљак на 9. Фестивал на хумор и сатира „Сатира фест“ што беше одржан вчера во Белград.

Баљак истакна дека највисоката награда за сатира во Србија му се доделува на Толевски за неговата долгогодишна работа и за илјадниците афоризми објавени во македонските медиуми и во периодиката во регионот, за квалитетното уредување на списанието за хумор и сатира „Остен“ и „Македонски остен“, како и за приредувањето на Антологијата на балкански афоризми и на антологијата „Наши пријатели“ објавени во Скопје.

Толевски се заблагодари за наградата „Златен круг“ и истакна дека таа е признание и за сите негови соработници и колеги сатиричари во Македонија. Додаде дека ќе го поттикнува и натаму да се занимава со сатира која, како што рече, придонесува за подобро општество, со помалку негативности и недостатоци.

Покрај Толевски, награда „Златен круг“ годинава добија и Владимир Шојхер од Русија, Џејмс Гири од САД и Франци Чеч од Словенија.

На Фестивалот на хумор и сатира во Белград учествуваа 35 сатиричари од Балканот од шест држави - Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Словенија и Романија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...