ЕК по трет пат препорача почеток на преговорите со Македонија

Скопје, 12 октомври 2011 (МИА) - Европската комисија останува на препораката Македонија да почне пристапни преговори за членство во ЕУ. Од пресудно значење е да се постигне напредок во спорот со името, истакна еврокомесарот за проширување Штефан Филе на прес-конференција во Брисел, презентирајќи ги заклучоците од Извештајот за напредокот на земјата во 2011 година.

- Ја задржуваме препораката да се отворат преговори за пристапување кон Европската унија. Сепак, постигнат е мал напредок во изминатата година. Суштинските предизвици остануваат особено во врска со независноста на судскиот систем, реформата на јавната администрација, борбата со корупцијата и слободата на изразувањето, рече Филе.

Тој во име на Комисијата и оддаде признание на македонската Влада за заложбите за унапредувањето на слободата на медиумите и изразувањето.

- Дозволете ми кога зборувам за медиумите и за нивната слобода да го искажам признанието кон вицепремиерот задолжен за евроинтеграции. Бевме охрабрени по првиот состанок со претставниците на медиумите. Не охрабри целата посветеност од страна на Владата во Скопје овој процес да биде долгорочен, а за него Комисијата е партнер кој дава голема поддршка, рече еврокомесарот Филе.

За членството на Македонија во Унијата, според него, од суштинско значење е решавање на спорот со името и затоа, нагласи, не треба да се изгуби уште една година.

Филе, претходно, презентирајќи го извештајот за Македонија пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, оцени дека перспективите за интеграција во Европската унија се двигател за реформскиот процес, но оти со продолжувањето на спорот за името мотивираноста за мотивираноста за реформи е намалена.

-  Затоа клучно е да се постигне прогрес за прашањето за името. Решавањето премногу се одолжува. Отворањето на пристапните преговори ќе биде корисно не само за земјата и за регионот, туку и за Европската унија како целина. Не смее да биде загубена уште една година, рече еврокомесарот Филе.

Извештајот за Македонија, по Брисел, попладнево ќе биде презентиран и на конференција за печат во Делегацијата на ЕУ во Скопје од страна на Александра Кас Грање, директор за проширување во ЕК. 

Предвидено е таа подоцна документот да им го предаде на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и на премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...