Средба Јосиповиќ-Иванов

Загреб, 31 октомври 2011 (МИА) - Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија во евроатлантските интеграции. Како идна членка на ЕУ нема да поставува пречки на патот на Македонија без оглед на отвореното билатерално прашање со Грција. Односите меѓу двете држави се на одлично ниво, но постои уште многу простор за соработка во економијата, меѓу другото преку инфраструктурно поврзување, раст на трговската размена... Тоа, јави известувачот на МИА, го оценија македонскиот и хрватскиот претседател, Ѓорге Иванов и Иво Јосиповиќ, по денешната средба во Загреб.

Шефот на македонската држава, кој престојува во дводневна официјална посета на Хрватска, побара Јосиповиќ да се заложи за примена на позитивниот пример во надминувањето на хрватско-словенечкиот спор во решавањето на македонскиот билатерален спор со Грција.

- Со примената на тој позитивен пример би можело паралелно да се одвиваат и преговорите со Европската унија и решавањето на прашањето за името, истакна Иванов, изразувајќи уверување дека Европската комисија ќе го прифати тој позитивен пример.

Неговиот колега Јосиповиќ со поддршка за натамошните македонски интеграции и оценка оти билатералните проблеми не смеат да влијаат во индивидуалниот пат на која било држава кон ЕУ. Како иден член на ЕУ и прозорец преку кој ќе се решаваат регионалните проблеми, Јосиповиќ вети помош за сите земји во регионот и истакна дека Хрватска нема да го условува приклучувањето на која било земја со решавање на билатерални проблеми.

- Ставот на Хрватска е дека билатералните проблеми не смеат да влијаат на индивидуалниот пат на ниту една држава кон ЕУ и сигурно нема да го условува патот на своите соседи, a Македонија ја сметаме како еден од нив. Постојано ќе даваме поддршка и верувам дека и по изборите во Хрватска без оглед кој ќе победи ќе продолжи примената на оваа политика, рече Јосиповиќ.

Иванов одговарајќи на новинарско прашање во однос на изоставувањето на придавката македонски во последниот Извештај на Европската комисија, оцени дека ЕК практикува непринципиелност.

- Оваа постапка на ЕК со Извештајот што го имаме за Македонија ни отвора сомнеж во искрените намери и на самата Унија, меѓутоа и на самата Грција бидејќи таа потенцираше дека единствен проблем е името на нашата држава во рамки на ОН, посочи Иванов, истакнувајќи дека македонското општество упатило силна реакција до ЕК затоа што со бришењето на придавката македонски се посегнало по најчувствителното нешто за секој народ.

Сметаме, додаде Иванов, дека со овој чин ЕК зазема страна и не постапува во согласност со принципите кои ги гради ЕУ и кои треба да важат за сите. Јазикот, порача претседателот, е духовна татковина на еден народ. - Бараме од ЕУ да се однесува европски бидејќи во нивните документи и стандарди постои македонскиот јазик. Инаку парадоксално е тогаш на кого се однесува извештајот односно на кое население и на кој јазик зборува тоа население на кое се однесува тој извештај, рече македонскиот претседател.

Во присуство на двајцата претседатели, министрите за правда на Македонија и на Хрватска Блерим Беџети и Дражен Бошњаковиќ потпишаа Договор за екстрадиција. Со него Македонците кои имаат хрватски пасош веќе нема да бидат недостапни за законот на хрватска територија.

Претседателот Иванов на средбата со Јосиповиќ побарал поддршка за вклучување на Македонија во Јадранско-јонската иницијатива, како постојана членка, а не како набљудувач. Според Јосиповиќ,  политичката компонента која е полесна веќе е решена, а останува да се надмине економската.

Македонскиот претседател денеска се сретна и со потпретседателот на хрватскиот Сабор Владимир Шекс и со министерот за надворешни работи Гордан Јондроковиќ, како и со Зоран Милановиќ. Попладне Иванов ќе има средби со претставници на хрватските фирми што работат во Македонија меѓу кои „Агрокор“, „Виндија“, „Краш“, „Кроација ерлаинс“.

Трговската размена меѓу Македонија и Хрватска на крајот на минатата година изнесуваше околу 200 милиони евра со благ суфицит на македонска страна. Во Хрватска претежно извезуваме метални производи, овошје, тутун и вино.

На вториот ден од посетата на Загреб предвидено е претседателот Ѓорге Иванов да се сретне со претставници на македонската заедница во Хрватска, како и да го посети местото каде што е закопан Панко Брашнаров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...