Велешани протестираа против рестартирањето на Топилницата

Велес, 9 ноември 2011 (МИА) - Велешани вечерва предводени од „Зелената коалиција“ масовно излегоа на протест против рестартирањето на Топилницата.

Протестот под мотото „Против геноцидната идеја“ и „Никогаш повеќе Топилница“ почна на плоштадот „Сармаале“ со биење на камбаните.

Ненад Коциќ од Зелената коалиција истакна дека протестот на Велешани против најголемиот загадувач е првата еколошка револуција во Македонија.

- Не смее да се повтори историската грешка во Велес од 1973 година кога беше отворена Топлиницата. Нема богатство со кое може да ја купат нашата иднина. Им порачуваме на новите газди на Метрудхем дека не им веруваме и оти не се добредојдени. Ова не е само битка за Велес. Оваа битка е и за нашата иднина и за иднината на нашите деца. Ова е последната битка која мора да ја добиеме, им порача Коциќ на Велешани.

Градоначалникот на Велес Горан Петров  во своето обраќање истакна дека од вечерва 9 ноември има уште едно значење, а тоа е еколошко ослободување на градот. -  Ние сме пред една нова победа која ја водиме скоро 40 години  и во која војна Велес има дадено повеќе жртви отколку во Втората светска војна, рече Петров.

Далиборка Златева од Здружението на деца заболени од церебрална парализа нагласи не сакаат тероризирање на градот, туку здрави поколенија.

На протестот присуствуваа претставници од локалната власт, невладини организации, МПЦ, ИВЗ и бизнисмени.

Од плоштадот Сармаале протесната поворка се упати кон главната улица „Благој Ѓорев“ покрај Гимназијата и ЕВН до портите на Топилницата, каде на новите сопственици на фирмата „Метрудхем“ уште еднаш им порача „Никогаш повеќе НЕ на Топилница во Велес“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...