Владата разгледа информации и предлози за законски измени за реформи во повеќе области

Скопје, 16 ноември 2011 (МИА) - Владата одлучи да ја намали  висината на посебниот надоместок за вршење фитосанитарна инспекција на пратките со растенија и растителни производи кога се увезуваат, транзитираат или извезуваат од Македонија.

Одлуката за висината и начинот на плаќање на посебниот надоместок, видот и количеството на растенија, растителни производи и други објекти и предмети за кои се плаќа надоместокот, како и висината и начинот на плаќање на трошоците во областа на здравјето на растенијата, Владата ја донесе на вчерашната редовна седница, на која разгледа повеќе информации, предлози за законски измени и одлуки за реформските процеси во повеќе области, соопшти владината прес-служба.

Според одлуките на Владата, Министерство за информатичко општество и администрација во наредниот период треба да подготви оперативен план за транспонирање и адаптирање на најдобрите практики од  системот за управување заснован на компетенции во државната служба, базиран на моделот што се применува во Велика Британија.  Тие активности се дел од реформите на јавната администрација.

На седница се расправало и за информацијата со акциски план подготвени од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, во кои се дефинира динамиката на реализацијата на потребните активности во делот на капиталните инвестиции за изградба и развој на ТИР зоните во Македонија. За таа цел за наредната година се предвидени и обезбедени финансии во износ од 518 милиони денари.

Разгледана е и информацијата од Агенцијата за храна и ветеринарство со која се предлага воведување либерализација на ветеринарните услуги од секундарната здравствена заштита на животните со цел добивање поквалитетни ветеринарни услуги и конкурентност. Заклучено е да се пристапи кон подготовка на соодветни законски измени кои ќе ја вклучат таа реформа. 

Членовите на Владата го утврдиле текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки,  со цел да се допрецизираат конкретни одредби кои во изминатиот период беа предмет на субјективни толкувања,  соопшти владината прес-служба. Воедно се предлагаат и новини кои треба да придонесат за севкупното унапредување на системот за јавни набавки на Македонија. Се предлага воведување систем на задолжителна сертификација на лицата за јавни набавки, согласно препораките од Европската комисија, со цел зголемување на одговорноста на лицата кои работат во областа на јавните набавки, потоа кај барањето за прибирање на понуди до 5.000 евра се пропишуваат одредби за задолжителна објава и задолжителни е-аукции, се воведува заштитен механизам за договорните органи со воведување негативни референци за оние економски оператори кои ќе потфрлат при реализација на нивните обврски од договорите за јавни набавки или ќе се повлечат од постапката, а воедно се предвидува и целосен механизам за имплементација на оваа мерка.

Владата ја разгледала и информацијата со акциски план подготвен од Агенцијата за млади и спорт за спроведување на активностите за неколкугодишната изградба на два 25-метарски затворени базени во Охрид и во Крушево, согласно стандардите на ФИНА соодветни за ватерполо и пливање. Изградбата на базените е дел од проектот „Изградба на девет пливачки базени”, а нивната реализацијата треба да почне во средината на 2012 година. 

Дел од дневниот ред на седницата била и информацијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за реализација на проектот за пазарно информативен систем што  се предводува да почне следната недела. Преку него ќе се  обезбедуваат дневни, неделни, месечни и годишни информации од пазарите на големо, сточните пазари и откупно дистрибутивните центри за цените, побарувачката на производите и предвидувањата за движењето на пазарот во наредните сезони.  Тие информации  се наменети за навремено информирање на земјоделците околу пазарните трендови на земјоделските производи, а ќе се објавуваат на МРТВ и на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, додека во подоцнежната фаза на проектот ќе може да се добиваат и преку бесплатна телефонска линија и СМС пораки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...