Во Македонија регистрирани 142 случаи со ХИВ/СИДА

Скопје, 30 ноември 2011 (МИА) - Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје, во Македонија се регистрирани 142 случаи со ХИВ/СИДА, а во светски рамки бројот достигнува 34 милиони, истакна денеска директорот на Институтот Шабан Мемети на прес-конференција по повод 1 Декември - Светски ден за борба против сида.

Логото на годинашната акција е „Визијата за свет со нула ХИВ-инфекции, нула дискриминација и свет со нула смртни случаи асоцирани со сида“.

Тој рече дека бројот на новите ХИВ-инфекции постојано се намалува и се поголем број лица почнуваат со антиретровирусна терапија.

- Охрабрувачки е податокот дека 6,6 милиони лица примаат антиретровирусна терапија во земјите со низок и среден приход, посочи Мемети.

Тој ги наведе натамошните активности на Институтот кои се однесуваат на следење на состојбата со ова заболување во државата, учество во Националната програма на Министерството за здравство за идната година, учество во Програмата на глобален фонд за надзор на ХИВ/СИДА, соработка со СЗО, со невладините организации и учество во подготвување на нова национална стратегија за ХИВ/СИДА за периодот 2012-2006 година за Македонија.

Прим. д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје рече дека од регистрираните 142 случаи со ХИВ/СИДА во Македонија 117 се машки, а 25 женски лица. Најголем број регистрирани има во Скопје - 54, а потоа следат Тетово, Прилеп, Кичево, Охрид итн. Во Македонија во моментов со ХИВ/СИДА живеат 76 лица, а починати се 66.

Караџовски посочи дека годинава во Македонија се регистрирани 10 случаи со ХИВ/СИДА. Од нив седум имаат сида (шест машки и едно женско лице), од кои три машки лица има во Скопје и по едно лице во Охрид, Велес и Куманово и едно женско лице во Битола. Од 10-те случаи три се ХИВ-позитивнии и тие се од Гостивар, Куманово и Скопје.

Стапката на ХИВ-инфекции во Европа е највисока во Украина - 35,4 отсто на 100.000 жители Естонија - 31 отсто на 100.000 жители, а потоа следат Англија (10,7 отсто на 100.000 жители), Белгија (10,3 отсто на 100.000 жители), а најниска стапка е регистрирана во Романија (0,7 отсто на 100.000 жители) и Словачка 1 отсто на 100.000 жители.

Караџовски укажа дека доминантен начин за ширење на ХИВ-вирусот во источниот регион на Европа е интравенското инјектирање дрога, хетеросексуалните односи итн.

- Во Централна Европа и Балканот доминантен начин за ширење на ХИВ-вирусот останува односот меѓу двајца мажи. Во Европа хетеросексуалниот контакт во пренесувањето на ХИВ-вирусот е зголемен за 16 проценти, а при сексуален контакт на маж со маж за 27 отсто, а кај лица кои примаат дрога со 17 отсто, рече Караџовски.

Укажувајќи на стапката на заболени од сида во ЕУ, тој рече дека во Естонија таа изнесува 2,8 отсто на 100.000 лица, во Летонија 4,3 отсто, Португалија 2,8 отсто и Шпанија 2,3 отсто. Во пораст е бројот на машки лица кои имаат контакт со лица од ист пол.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...