Вевчански карневал 2012

Скопје, 12 јануари 2012 (МИА) - Со изложба на фотографии од Атанас Ќушкоски на тема женски маски и голем вечерен рок хепенинг на кој меѓу другите ќе настапат Ареа, Црвена јабука и Скандал состав попладнево во Вевчани неофицијално ќе започне Вевчанскиот карневал 2012 со кој се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар.

Главниот карневалски ден е утре со дефилето на маски, годинава зачинето со пречек на Старата нова година на отворено на плоштадот во Вевчани со концерт на естрадни уметници од земјава и соседството.

Манифестацијата завршува на 14 јануари со традиционалното Вевчанско василичарско оро и ритуалното палење на маските.

Карневалот во чест на Свети Василиј Велики - заштитник на вевчанските василичари, на Вевчани и на вевчанци, се разликува од останатите во светот поради неговата архаичност и уникатни маски и е спој меѓу паганскиот и современиот начин на прослава. Местото на карневалското случување е Вевчани, кое, за време на неговото одржување се претвора во своевиден театар без граници со помали или поголеми маскирани карневалски групи. За времетраењето на карневалот вевчанци од целиот свет се прибираат дома за да учествуваат во единствената „претстава“ со која се исмеваат и жигосуваат појавите и личностите од општествениот живот.

Специфичност на карневалот, што опстојува колку што е старо и Вевчани, е што никогаш однапред не се знаат маските и што тие ќе претставуваат освен традиционалните - зет, невеста и Глупaвиот Август. Маскираните ги прикажуваат настаните што се случиле во текот на изминатата година, кои во едно поинакво светло ги виделе вевчанците.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, а генерален спонзор на културните настани е Македонски телеком. Организатор на годинашниот настан е Тетрагон МК.

Во 1993 година Вевчанскиот карневал, односно Вевчани е член на ФЕЦЦ - Асоцијација на светските карневалски градови под уставното име на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Зошто мажите и даваат имиња на своите пениси?
- Затоа што не сакаат некој безименко да донесува 98% од нивните одлуки.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1473.- Роден е Никола Коперник, полски астроном,...
1743.- Роден е Луиџи Бочерини, италијански...
1797.- Папата Пие VI со Наполеон Бонапарта го...
1800.- Наполеон Бонапарта се прогласи за прв...