Метју Нимиц во дводневна посета на Македонија

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името, амбасадорот Метју Нимиц, денеска во Скопје ќе има средби со македонскиот државен врв.

На одделните средби со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски, ќе се разговара за актуелните прашања во однос на надминувањето на разликите во спорот со Република Грција, како и за динамиката на разговорите во наредниот период.

Државниот врв на Република Македонија по координацијата одржана во петокот во пресрет на  посетата на Нимиц, излезе со заклучок дека „Република Македонија останува цврсто посветена за надминување на прашањето за името и, како и досега, активно и конструктивно ќе учествува во процесот. Како страна која со сериозен пристап учествува во разговорите очекува и се надева на иста активност, сериозност и конструктивност и од другата страна“.

За очекувањата од посетата на Нимиц, премиерот Груевски во петокот изјави дека треба да се сочека и да види што ќе донесе медијаторот. - Сигурно доаѓа со некакви намери и идеи, останува да ги слушнеме, да ги анализираме и потоа да дадеме изјави, рече македонскиот премиер.

Најави и дека доколку некогаш се дојде до конкретен и прифатлив предлог тој ќе биде ставен на референдум. - Ќе продолжиме со сите сили, напори да одиме напред, но и со отворени очи да бараме решение кое ќе биде доволно добро да го прифатиме и да го понудиме на референдум пред граѓаните, рече Груевски.

Медијаторот Метју Нимиц утре од Скопје ќе замине за Атина каде што треба да има средби и со грчки државни претставници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...