Нимиц без нов предлог

но со намера да се забрзаат преговорите

Скопје, 20 февруари 2012 (МИА) -  Не доаѓам во Скопје со нови предлози, туку со намера за изнаоѓање начин за забрзување на преговорите за решавање на ова прашање колку што е можно побрзо бидејќи го засега регионот и светската безбедност, изјави специјалниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името, амбасадорот Метју Нимиц, по средбата во Владата со премиерот Никола Груевски.

- Не ставив ништо ново на масата, но ова претставуваше многу повеќе од една мисија за изнаоѓање факти. Ова претставуваше еден длабок разговор за изнаоѓање начин како да се продолжи, рече амбасадорот Нимиц.

Тој информира дека денеска ги слушнал ставовите на премиерот и на членовите на Владата и нивната позиција во оваа фаза.

- Тие многу јасно ми го  пренесоа нивниот став и искрена желба за изнаоѓање на решение и за конструктивни преговори со нивниот јужен сосед и ова ќе го пренесам до Владата во Атина. Јас пак ги пренесов ставовите на Меѓународната заедница и на ОН за решавање на ова прашање колку што е можно побрзо бидејќи ова е прашање коешто го засега регионот, светската безбедност ја засега Европа, САД и светот и колку побргу се реши тоа ќе биде подобро за сите. Се надевам дека ќе најдеме начин за забрзување на разговорите, изјави Нимиц.

Тој не даде коментар на прашањето од новинарите дали има чувство дека Времената спогодба е суспендирана поради однесувањето на Грција и пресудата од Хаг.

- Што се однесува до одлуката на МСП во Хаг таа си стои сама по себе и поради тоа не треба да коментирам за неа. Што се однесува, пак, до Времената спогодба, таа претставува договор помеѓу две страни, се состои од многу одредби, поголемиот дел од нив се факти така што страните треба да го почитуваат овој меѓународен договор, вели Нимиц.

Во однос на тоа каков ќе биде неговиот одговор доколку Атина в среда ја повтори својата позиција за име за севкупна употреба која не е во согласност со Времената спогодба Нимиц  не одговори што ќе им каже на грчките власти, но посочи оти одлуката на МСП се однесува на двете страни и нивна обврска е да ја почитуваат.

На новинарско прашање дали наскоро пред Самитот на НАТО во Чикаго ќе излезе со нов предлог за спорот со името со оглед на тоа дека двете земји веќе две години декларативно преговараат, посредникот на ОН подвлече оти нема рокови во однос на преговорите.

- Предлози давам само кога сметам дека тоа е корисно. За жал процесот траеше многу долго. Како претставник на ОН не давам предлози доколку сметам дека не е вистинското време за тоа. Своја проценка ќе дадам по разговорите во Атина и доколку е потребно повторно ќе разговарам со страните, рече посредникот Нимиц.

Со оглед дека е еден од авторите на Времената спогодба, прашан дали Македонија може да стане членка на меѓународни организации под привремената референца специјалниот посредник на ОН вели нема одговор на ова прашање бидејќи тоа е во надлежност на меѓународните организации.

- Македонија е веќе членка на ОН и други меѓународни организации под привремената рефенца. Знам што се обидувате да прашање. За тоа немам одговор бидејќи тоа зависи од самите организации, а не од мене, рече тој.

Медијаторот Нимиц денеска беше примен и од претседателот Ѓорге Иванов, а оствари средба и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Утре од Скопје заминува за Атина, каде во среда ќе има средба со шефот на грчката дипломатија Ставрос Димас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...