Трајковски е убиен, доказите се во Скопје

Претседателот Борис Трајковски и сите сопатници во „кингерот“ што се урна во 2004 година кај Мостар се брутално убиени, а доказите за атентатот се наоѓаат во Скопје, тврди Игнат Панчевски, адвокат на семејството на еден од загинатите во несреќата.

Во изјава за порталот Мкд.мк, тој вели дека лично ги видел доказите за атентаторот, а дел од нив и самиот поседува.

Претседателот Борис Трајковски и патниците во „кингерот“, што се урна во 2004 година кај Мостар се брутално убиени, а доказите за атентатот се наоѓаат во Скопје, тврди за порталот мкд.мк, Игнат Панчевски, адвокат на семејството на еден од соработниците на Трајковски. Тој за порталот изјавил дека лично ги видел доказите за атентаторот, а дел од нив и самиот го поседува.

Панчевски нагласува дека имал докази оти патниците што загинаа на 26 февруари 2004 година биле живи по падот на претседателскиот авион.

- Сите до еден биле повредени, но живи. Поседувам доказ дека еден од повредените повеќе од половина час разговарал на мобилен телефон со семејството. Му биле скршени двете нозе, но разговарал со семејството. Има докази, и аудио и видеозапис, како е извршен атентатот. Постои сателитска видео снимка. Тој е срушен од воен авион. Потоа на снимките се гледа како на местото на настанот доаѓаат мобилни воени екипи. Преживеаните биле убиени, а потоа телата префрлени и запалени со напалм, тврди Панчевски.

Тој тврди дека биле познати мотивите за атентатот, извршителите, начинот на кој бил извршен и дека одредени политички и државни структури се плашеле да ја изнесат на виделина вистината за случајот.

Осврт на случајот со падот на претседателскиот авион даде и емисијата КОД на телевизијата Канал 5 според која авионската несреќа сe уште претставува мистерија. КОД се повика и на извештај од македонската воздухопловна комисија, која три години ги проучувала доказите за падот на кингерот и која доставила официјално барање од властите со препорака да отворат нова истрага за смртта на претседателот Трајковски и деветте негови сопатници.

Една од забелешките во новиот извештај била поврзана токму со реконструкцијата. Се поставуваат повеќе дилеми, односно како воопшто била направена кога инструментите што требало да ги дадат податоците биле неисправни според извештајот на босанската комисија. Потоа, податоци за висината, брзината на авионот и растојание од пистата не можеле да се земат ниту од аеродромот во Мостар, затоа што таму немало надгледен радар. Затоа на ова реконструкција, македонските експерти гледаат како на претпоставка, а не дека е факт, наведува КОД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...