|
|
|
Денови на бесплатен правен совет – Министерот Беџети на средби со граѓаните на општините Петровец и АрачиновоСкопје, 26 март 2012 (МИА) - Министерот за правда Блерим Беџети во рамки на деновите на бесплатен правен совет денеска се сретна со граѓаните на општините Петровец и Арачиново.
Министерството за правда, соопштија оттаму, согласно Законот за бесплатна правна помош ги организира деновите на бесплатна правна помош со цел преку непосредни средби со граѓаните на Република Македонија да ги запознае со законската рамка и начинот и условите со кој можат да го остварат своето право на бесплатна правна помош.
Овие средби се организираат во соработка и активна партиципација на претставници на Нотарската комора, извршители, медијатори и Адвокатската комора.
Министерот Беџети на средбите истакна дека досега поднесени се 272 барања за бесплатна правна помош, а донесени се 240 решенија и 20 заклучоци со кои е запрена постапката за бесплатна правна помош. Останатите барања се во постапка.
- Законот е донесен во декември 2009 година, а со неговата примена почна во јули 2010 година. Во Законот проширена е категоријата на лица кои имаат право на бесплатна правна помош на лицата баратели на азил. Денови на бесплатна правна помош Министерството ќе организира и во иднина, истакна Беџети.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели: "Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?" "Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...
|
|
|
|