Пронајдени пет мртви тела во близина на Скопје

Неофицијално, настраданите заминале на езерото околу 18 часот. Се работи за млади момчиња од македонска националност на возраст од 18 до 20 години, сите од скопската наслеба Радишани.

Како што јавуваат од Мвр, петте лица била најдени кај Железарското езеро во атарот на селото Смиљковци, Скопско. Телата биле пронајдени крај два автомобила. Неофицијално крај телата се пронајдени и чаури, но нема информација сеуште од кое огнено оружје е пукано. Телата имале по неколку прострелни рани, а ги пронашле рибари околу 22:30.

Според сведоштвата на жителите на Црешево, кои вчера беа на местото каде што се случи петкратното убиство, жртвите се лица на возраст од околу 20 години. Сите биле рибари кои често доаѓале да рибарат на езерото. Еден од нив, живел во Црешево, а останатите во Бутел и Радишани. На интернет форумите се шпекулира дека меѓу нив имало и момчиња кои годинава требало да матурираат.

Вечер јавува дека, според изјави на жителите на Црешево, меѓу убиените е и извесен Борче Ќато, кој редовно рибарел на езерото. Велат станува збор за мирен семеен човек. Тие го препознале неговото возило, кое било паркирано веднаш до неговото тело со отворени врати и гепек.

Повеќе информации и детали за ова убиство МВР најави за денес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...