Рели „Калин Камен 2012“ на Осоговските Планини Крива Паланка, 24 мај 2012 (МИА) - По повод Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, денеска во Крива Паланка се одржува четвртата спортска ревијална манифестација „Рели Калин Камен 2012“, под мотото „Да ги запознаеме убавините на Осоговските Планини“.
Патеката е долга 64 кимолетри, стартот е од плоштадот во Крива Паланка. Релито е по сртот на Осоговските Планини и на врвот од Царев Врв се приклучуваат учесниците од Источна Македонија. Потоа продолжува кон Туристичко-рекреативниот центар „Калин Камен“, а крајна дестинација е манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка.
Релито го организира автомото здружението „РОАЦ Осогово“ од Крива Паланка, со поддршка на локалната самоуправа.
Градоначалникот Арсенчо Алексовски пред стартот изјави дека општината во последните години се труди да развива различни видови туризам, вклучувајќи го и спортскиот.
|