Митинг на СДСМ во Струмица

Струмица, 4 јуни 2012 (МИА) - Oпозициската СДСМ синоќа во Струмица го одржа првиот митинг од кампањата „Крени глас за иднина” и ја најави кандидатурата на Зоран Заев за градоначалник  на Струмица за локалните избори што ќе се одржат во март следната година.

Во 30 минутниот промотивен говор, градоначалникот Зоран Заев се осврна на неговите пости-гања во изминатите седум години.

- На крајот од мојот прв мандат на струмичани им оставив Бела Книга во која беа забележани 1.208 проекти.Во Белата книга за вториот мандат ќе има над 2.000 реализирани проекти и барања од граѓаните. И пак од владеачката партија велат дека ништо не сме направиле. Но, и покрај се, љубовта кон Струмица и вашата неизмерна подршка се мотивот за мое повторно кандидирање за градоначалник на најубавиот град  Струмица, рече Заев.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски му посака успех на првиот кандидат за градоначалник во Македонија од таа партија и оцени дека Заев е урнек за сите идни кандидати за градоначалници од СДСМ. Зборувајќи за актуелните состојби во државата Црвенковски истакна дека  „за седум години Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеа Македонија да ја направи шампион во невработеноста, сиромаштијата и безперспективноста“.

Коментирајќи ги најновите 12 мерки на Владата за надминување на тешката состојба кај социјално загрозените слоеви, Црвенковски рече дека е смешна можноста што им дава се како помош на сиромашните нивните деца седум дена на државен трошок да бидат во планинските или езерските одмаралишта. Се прашувам, каде ќе бидат тие деца во останатите 358 дена, наведе Црвенковски, критикувајќи ја во тој контекст и можноста од новите мерки сиромашните бесплатно да одат на театар.

- Токму заради тоа го кренавме гласот за иднината и ова лето ќе го посетиме секој град и село за да го слушнеме народот, неговие проблеми, маки и заедно да најдеме начин за излез од сегашната сиромаштија и оствариме уште една заедничка победа, рече Црвенковски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...