Пријатна температура од 21 до 25 степени низ земјава, најавуваат за денеска метеоролозите.

Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира сончево со мала до умерена облачност, но зрачењето на ултравиолетовите зраци ќе биде на високо ниво со индекс 7.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северозападен ветер.
Во Скопје се очекува температура од 25 степени, во Охрид 22, во Гевгелија се најавуваат 28 степени, во Велес 26, нај свежо ќе биде во Маврово каде температурата денеска ќе биде максимални 18 степени.