
Петтемина Македонци кои беа уапсени во Грција поради поседување марихуана се пуштени на слобода.
Според МНР, тројца од уапсените во средата, по денешното судско рочиште се ослободени, додека останатите двајца ќе бидат пуштени на слобода откако ќе ја платат одредената кауција.
Тројца од уапсените, меѓу кои и младиот актер од театарот "Комедија" од Скопје, се ослободени од судот поради тоа што кај нив не биле пронајдени никакви наркотични средства.
Останатите двајца кај кои грчката полиција пронајде 230 грама канабис на пристаништето во Волос се пуштени од притвор со кауција, но за нив ќе има дополнително судење.