СРД и ја одзеде дозволата на Телевизија А2

Скопје, 13 јуни 2012 (МИА) - Советот за радиодиуфузија на денешната седница донесе одлука да и ја одземе дозволата за работа на Телевизија А2, според член 63 од Законот за радиодифузна дејност.

СРД констатира дека и покрај дадените неколку рокови да го усогласи работењето со Законот за радиодифузната дејност и условите од дозволата, сателитското трговско радиодифузно друштво А2 Телевизија не ја прилагоди програмата согласно добиената дозвола.

Последниот мониторинг на програмскиот сервис на Телевизија А2 покажа дека овој радиодифузер сериозно отстапува од претежно забавниот општ формат, што му е доделен. Наместо најмногу 65% програми што исполнуваат забавна функција, емитува 75,68%, а повеќе од две третини се репризни изданија. Редовните мониторинзи на програмите на радиодифузерите покажаа сериозни остапувања во форматот на Телевизија А2, соопшти СРД.

Во периодот од февруари оваа година, СРД во неколку наврати и укажувал на Телевизија А2 да се прилагоди кон условите од дозволата и кон Законот за радиодифузната дејност. а за таа цел членовите на Советот и лично го информирале управителот на А2, како и стечајниот управник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...