Попоски на министерскиот состанок на ЦЕИ во Трст

Скопје, 13 јуни 2012 (МИА) - Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Трст учествуваше на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централно европската иницијатива (ЦЕИ).

Состанокот беше искористен за размена на мислења за актуелните состојби во државите од регионот на ЦЕИ, како и за координација на активностите за реализација на заедничките регионални проекти, соопшти МНР.

Во обраќањето на состанокот, министерот Попоски ја реафирмира посветеноста на Република Македонија кон принципите на добрососедство, регионална соработка, помирување и инклузивност преку интензивирање на политичката, безбедносната, економската, културната и друга соработка во регионот. Таквиот пристап, според министерот Попоски, е неопходен за натамошен социо-економски развој на целиот регион и напредок во контекст на европските и евро-атлантските интегративни процеси. Нагласи дека Централно европската иницијатива претставува одличен инструмент за регионалната соработка кој ја олеснува и динамизира заедничката интеракција и комуникација меѓу земјите во Регионот.

Министерот Попоски, во својство на иден претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, ги претстави и приоритетите на Македонското претседавање со Процесот во периодот јуни 2012. - јуни 2013., во доменот на политичката, економската, културната, образовната и друга соработка во регионот на Југоисточна Европа и цврстата заложба на Владата на Република Македонија да даде свој придонес во остварувањето на целите на иницијативата.

Во тој контекст, Попоски нагласи дека македонското претседателство со Процесот, ќе настојува да афирмира синергија на сите регионални инцијативи, а во насока на што поскорешна интеграција на сите земји од Регионот во Европската унија, со зајакната промоција на бизнис врските во регионот, се вели во соопштението од МНР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...