За ВМРО гласав со десна рака, за Црвенковски ќе гласам со лева!!!

Да ви кажуваше некој изминативе 15-тина години дека денеска напладне ќе се случи тоа што е најавено, сигурно дека нема да му верувавте и „ќе се кладевте“ на спротивното.

Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски денеска ќе седнат на иста маса да договорат стратегија како да го тргнат од власт Никола Груевски, човекот кого токму Георгиевски го донесе на власт. Теренот за средбата се подготвуваше подолго време преку средбите кои Црвенковски ги имаше со ЛДП, ОМ и „Достоинство“. Тие секако беа само декор за јавноста и предјадење за „главниот настан“ односно средбата помеѓу вечните ривали Црвенковски и Георгиевски која „за љубов“ на поддржувачите (од двете страни) не смееше да дојде нагло, затоа што можеше (и се уште може) да предизвика контра-ефект.

„До таму е дојдена работата во Македонија што дури и ние ете заедно моравме да се здружиме за да ја спасиме работата“ е „приказната“ која двајцата лидери им ја пакуваат на членовите за полесно да можат да го проголтаат ова што се случува.

- Разликите меѓу СДСМ од една и ВМРО-НП, ОМ или „Достоинство“ од друга страна се навистина големи. Сепак, за еден период да ги оставиме на страна разликите бидејќи државата пропаѓа, да ја вратиме државата на нормален пат, а потоа повторно да ги искажеме разликите и да бидеме политички конкуренти, а не политички непријатели кои треба да се елиминираат. Тие се десничарски партии, ние сме лево ориентирата партија. Меѓутоа за да можеме тие различни програми во фер амбиент да ги понудиме пред граѓаните прво треба да ја вратиме државата во нормала. Ние не сме демократска држава. Имаме режим на власт кој не е демократски, изјави за Тв Алфа неодамна Црвенковски.

Груевски го смирува членството и ветува сигурна победа на следните избори.

- Ќе победиме! И тоа со сериозна разлика. Затоа што сум убеден дека граѓаните го ценат ова што го правиме, гледаат дека од срце се трудиме нешто да подобриме, и го вреднуваат тоа, прават разлика помеѓу сите нас на политичката сцена, гледаат кој се занимава со држење стандардни веќе традиционални поетични говори, во кои ништо не нудат ниту кажуваат, а кој работи и се труди, кој се нервира и живее со судбината на нашата татковина и на нејзините граѓани, кој работи искрено и со срце, а кој со блеф и игри. Ќе победиме! Заедно со граѓаните, останувајќи верни на нивните потреби и желби и работејќи за нивно добро. Онака како што знаеме, со засукани ракави, без штедење на силите и гледајќи ги во очи, свесни дека има уште многу пред нас, уште многу заеднички дела, и уште многу заеднички предизвици, но и уште многу заеднички победи, рече Груевски.

„Математиката“ на СДСМ, ВМРО-НП, ЛДП и „Достоинство“ барем на маса ветува дека бројот на гласовите е тука некаде. Но сепак е јасно дека „ќе се изгори“ оној кој верува во таква проста математика. Многу вода протече помеѓу липите во Вардар од последните избори. Како Жерновски ќе го избрише „стапот и магарето“, како ОМ планира да постигне успех без првиот човек кој е во затвор, тоа се малите прашања кои се во сенка на големото, а тоа е збунетоста на членството на СДСМ и ВМРО-НП. Ако првите важат за пофлексибилни и до некаде навикнати наназад низ годините на вакви „лупинзи“, како војводата Љубчо ќе му објасни на своето членство (потврдиот, ако не и најтврдиот дел од ВМРО-ДПМНЕ) дека сега треба „да се крстат во друга црква“. Колку и да звучи полетно оваа коалиција во моментов, на терен работите можат да добијат сосема обратен тек (пред се кај членовите на ВМРО-НП). Каква и да е реториката, што и да се каже за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за време на кампањата, сепак на крајот истите тие членови ќе треба да заокружат за Црвенковски. Токму и тука можеби се крие и сигурноста на Груевски, кој многу добро го знае гласачкото тело и неговите навики, па веќе од Тв екраните постојано ги потсетува на „најголемите хитови“ на Црвенковски и дружината.

- На овие избори ќе гласам со лева рака. До сега гласав со десна, вели за Инпрес помалку на шега, помалку огорчен еден постар член на ВМРО-НП.

Црвенковски го направи можеби единственото што му беше на располагање. Тој е „играч“ за кој ќе згрешат сите кои ќе го потценат и од ракавот секогаш може да извади некој „кец“ со кој ќе ја сврти водата кон неговата воденица. Голема партија како СДСМ да се води на таков начин (ставена на пауза) толку години, може само „голем играч“ со внимателно одбран кадар кој е подложен и податен за такви „експерименти“.

- Никогаш повеќе СДСМ нема да се оддалечи од народот, им порача на членовите од Куманово. И доби аплауз од истите на кои не им кажа зошто досега бил оддалечен. Нејсе, истите аплаудираа и кога им кажа дека немал време да стигне секаде...

Можеби на денешната средба Георгиевски ќе сподели со него како е да се биде почесен претседател на некоја партија, како некоја можност за во иднина...

Црвенковски и Георгиевски се лицето и опачината на политиката во Република Маедонија изминативе 20 години, црното и белото, доброто и злото. Тие се хранат еден од друг и најдобро функционираат еден против друг. Како ќе функционираат сега заедно на една страна против Груевски е прашањето од милион долари во моментов?

Граѓаните ќе одлучат. Гласале со лева или со десна рака, тие ќе мора да донесат одлука за својата судбина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...