Прва средба на лидерите на СДСМ и на ВМРО-НП

Скопје, 28 јуни 2012 (МИА) -  Лидерите на опозициските СДСМ и на ВМРО-Народна партија Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски денеска одржаа средба на која се договориле во наредниот период да ја интензивираат комуникацијата и да воспостават соработка.



- Дали тоа на крајот ќе резултира и со формална предизборна коалиција ќе покаже времето, меѓутоа ова беше само почеток на еден процес и јас би рекол оптимистички почеток на тој процес, изјави по средбата Црвенковски.

Тој истакна дека и покрај тоа што со Георгиевски беа жестоки политички противници  и меѓу нив сеуште постојат разлики, „чувствувале дека имаат заедничка обврска да направат се државата да се врати на нормален колосек“.

- Наша заедничка оценка е дека денес Македонија се соочува со исто толку тежок и сериозен предизвик како во 91-та и 2001 година.  Состојбите во многу области се катастрофални, државата се движи во погрешна насока, економијата пропаѓа, сиромаштијата се зголемува, демократијата во Македонија е суспендирана, евроатлантските интеграции на земјата се целосно загрозени, рече Црвенковски.

Одговарајќи на новинарски прашања претседателот на СДСМ посочи дека во досегашните разговори со ВМРО-НП, ЛДП, ОМ и Достоинство во ниту еден момент никој не поставил никакви условувања и уцени. - Подготвени сме и имаме желба за соработка и со албанските политички субјекти, на истите принципи – без меѓусебни условувања и без уцени, посочи Црвенковски.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...