
Софија, 5 јули 2012 (МИА) - Љубчо Георгиевски во изјава за бугарската телевизија БНТ вели дека не е ништо страшно доколку се направи компромис Македонија да се вика Северна Македонија.
- Значи, јас апсолутно сметам дека Северна Македонија не е ништо страшно, ништо катастрофално, по ниедно прашање за Македонија, меѓутоа за жал очигледно тоа што го сметаме во Македонија сме малцинство. За жал, владата и дел од интелектуалните структури сметаат дека тоа е некоја голема катастрофа ако Македонија го направи тој компромис и едноставно сум песимист дека нешто ќе се случи на тој план, вели Георгиевски во изјавата за бугарската БНТ.
Георгиевски веќе неколку дена откако ја официјализираше коалицијата со неговиот идеолошки непријател Бранко Црвенковски ја разбранува македонската јавност со неговите антимакедонски изјави.
Тој во својата книга „Тоа сум јас“, која ја промовираше минатиот викенд, напишал дека Македонците се најголеми фалсификатори на балканската историја“ и дека „ќе го проколнат мајчиното млеко поради тоа што се откажале од Свети Климент и Свети Наум“.