Младите од ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните им делеа вода и безалкохолни пијалоциСкопје, 7 јули 2012 (МИА) - Градскиот комитет на Унијата на мадите сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска спроведе акција со која активисти на Унијата делеа бесплатно на граѓаните вода и сокови поради високите температури кои ја зафатија државата.
Како што соопштија денеска од партијата, на повеќе локации низ градот Скопје на граѓаните на кои што им било потребно освежување, особено на постарите и изнемоштени лица и децата, бесплатно им биле поделени безалкохолни пијалоци.
Од ВМРО-ДППМНе најавуваат дека и во наредниот период ќе се продолжи со вакви и слични активности.
|