Ѓорѓиев: До крајот на годината ќе се изградат 76 локални и 4 регионални патишта

До крајот на годинава ќе бидат изградени дополнителни 76 локални патишта со вкупна должина од 176 километри, во вредност од околу 15 милиони евра, за кои се потпишани договори, и најмалку 4 регионални правци во должина од 74 километри, во вредност од над 10 милиони евра, соопшти портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

-Динамиката е следна јули: 25 локални патишта со должина од 54 километри и инвестиција од 4,54 милиони евра; август: 26 локални патишта со должина од 62 километри и инвестиција од 4,78 милиони евра; септември: 8 локални патишта со должина од 19 километри и инвестиција од 1,11 милиони евра; октомври: 10 локални патишта со должина од 25 километри и инвестиција од 2,26 милиони евра и ноември: 7 локални патишта со должина од 16 километри и инвестиција од 1,56 милиони евра, информираше Ѓорѓиев.

Тој, исто така, рече дека во тек е постапка за избор на изведувачи за 32 локални патни правци за Пелагониски, Југозападен, Полошки и Скопски регион, која ќе заврши за 20 дена и тоа значи дополнителни нови 30 локални патишта.

Владиниот портпарол информираше дека на почетокот на август ќе бидат распишани два повика за избор на изведувачи за околу 60 дополнителни локални патни правци за сите осум региони, чија градба би започнала крајот на оваа година.

-Апелираме до градоначалниците да аплицираат во Агенцијата за државни патишта со свои проекти итно и најскоро, за да влезат во програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и да ги задоволат интересите на граѓаните, рече Ѓеорѓиев.

Покрај локалните патишта, додаде тој, континуирано се работи и на изградба, реконструкција и рехабилитација и на регионалните патни правци.

-До ноември 2012 година ќе бидат завршени 4 патни правци: Струга – Дебар, Кавадарци – Мушов Гроб, Ангелци – Вељуса – Водоча – Баница, Радовиш – Конче – Лубница. Вкупната должина на овие патишта е 74 километри, во вредност до над 10 милиони евра“, информираше портпаролот на Владата.

Тој потсети дека во тек се повици за избор на најповолен понудувач за регионалната делница Бошков мост – Гарски мост во вкупна должина од 8,2 километри, и за Тетово – Јажинце во вкупна должина од 16 километри, за кои се очекува по изборот веднаш да се отпочне со градба.

-Оваа Влада е прва влада која силно и програмски се осврна на овој битен сектор на локална и регионална комуникација и има реализирано повеќе стотици километри проекти, и во идниот период Владата ќе ангажира и внимание и средства за поддршка на патната инфраструктура, истакна Ѓеорѓиев.

Тој информираше дека во 2010 година се завршени 53 локални патишта во вкупна должина од 116 километри, а во 2011 се завршени дополнителни 76 локални патишта во вкупна должина од 155 километри. Заклучно со јуни 2012 година се завршени дополнителни 24 локални патишта во вкупна должина од 45 километри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...