Пожарот кај велешко Карабуниште се уште активен

Скопје, 3 август 2012 (МИА) - Се уште е активен пожарот што избувна ноќеска половина часот по полноќ, во велешкото село Карабуниште. Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување, за гаснење се ангажирани две теренски возила со девет лица од Шумското стопанство.

Според Дирекцијата, утрово се локализирани пожарите кај село Крушица - Свети Николе, и во село Орашец - Кумановско, регистрирани вчера вечер околу 23 часот.

Во Крушица горела дабова и нискостеблеста шума. Опожарени се 20 хектари. Интервенирале Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Свети Николе со едно возило и седум пожарникари, како и ТППЕ Велес и ТППЕ Штип.

Под контрола со помош на противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување е ставен и пожарот што избувна вчера на југоистичните падини на Скопска Црна Гора во атарот на село Виниче.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Патуваат три плавуши со авион. Едната била македонка и целата била накитена со злато. Втората била Германка и била во мини, а третата била Американка и била речиси гола. И сега...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1818.- Францускиот научник Рене Лаенек во Париз,...
1874.- Умре Јонас Ангстрем, шведски физичар и...
1905.- Во Париз е роден Жан Пол Сартр, француски...
1935.- Во Париз (од 21 до 25 јуни) е одржан...