Лустрацијата е можност за спречување на идни злоупотреби

Вашингтон, 7 август 2012 (МИА) - Процесот на лустрација е важен поради спречувањето на натамошните злоупотреби на лицата кои ги поседуваат доверливите информации, како и за спроведување правда за жртвите на полициските злоупотреби, смета Моника Налепа, професор на американскиот Универзитет Нотр Дам и авторка на книгата „Костури во плакарот – транзициската правда во пост-комунистичка Европа“, како и на повеќе статии посветени на лустрацијата во поранешните комунистички држави во Европа.

- Позитивен елемент на лустрацијата е во тоа што, без лустрација, јавноста не ги знае соработниците на полицијата, и затоа лицата кои работеле во тајните служби можат да продолжат да ги злоупотребуваат информациите кои ги поседуваат. Тие можат да продолжат да уценуваат носители на јавни функции и да вршат притисок врз нив за нови злоупотреби на положбата, како што е на пример доделувањето на јавни набавки. Лустрацијата ги прави достапни имињата на лицата кои можат да бидат уценувани и со тоа спречува вршење на нови злоупотреби од нивна страна. Ако овие информации се транспарентни и достапни за јавноста, тогаш не можат да се злоупотребат. Лустрацијата е важна и за обезбедување правда за жртвите на злоупотребите и за нивните семејства. Притоа, важно е архивите да бидат достапни во целост, да може јавноста да ги испита сите случаи подеднакво, бидејќи правдата не треба да биде ограничена само за некои лица, туку да важи за сите, изјави професор Налепа за Македонската информативна агенција.

Таа ги споредува случаите на транзициска правда, односно на соочување со кршењето на човековите права вршено кога една држава била под тоталитарно уредување и вели дека се познати два пристапи. Едниот пристап е лустрацијата и соочување со тоталитарното минато кој е карактеристичен во земјите од источна Европа, додека вториот модел е спроведен во Шпанија, каде по падот на режимот на генералот Франко досиејата на безбедносните служби биле во целост запечатени. Според Налепа, карактеристично за земјите кои ја спроведуваат лустрацијата е да се соочат со спротивставување на овој процес, пред се од редовите на поранешните комунистички партии и тоа особено доколку законот е ги спречува полициските соработници да вршат јавни функции.

- Многу типично за земјите од источна Европа е законите за лустрација да се соочат со вето од страна на Претседателот или со оспорување пред Уставниот суд. Така, на пример, во Унгарија законот беше поништен пред судот безмалку во целост, додека во Полска судот го оспори првиот обид за лустрација.

Поранешните комунистички партии се спротивставуваа пред се на построгите закони за лустрација, но од друга страна обично го прифаќаа носењето на помалку строгите закони за лустрација, со кои само се објавуваа соработничките досиеја, но не им се забранува на нивните носители да продолжат да ги вршат своите функции, вели професор Налепа. Како особено строг закон за лустрација таа го наведува законот на поранешна Чехословачка, со кој носителите на јавни функции имале обврска да докажат дека не соработувале со безбедносните служби. Професор Налепа додава дека карактеристична слаба точка на законите за лустрација се обидите тие да се искористат против политичките противници.

- Лустрацијата е една од најполитичките форми на правда по транзиција. Другите видови на транзициска правда, како давањето надомест за жртвите, враќање на одземениот имот, формирање комисии за осознавање на вистината или судење на извршителите на злоупотребите, се повеќе фокусирани на елементот на правдата, а не на елементот на спречување нови злоупотреби. Навистина е тешко во источна Европа да најдете лустрација која нема и политички контекст, вели професор Налепа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...