Отворено првото Советувалиште за превенција од употреба на дроги кај средношколците

Скопје, 15 септември 2012 (МИА) - Во рамки на амбулантата Водно во Скопје, денеска е отворено првото Советувалиште за превенција од употреба на дрога кај средношколската популација.

Советувалиштето претставува модел на „младински пријателски сервис“ во кој целосно ќе се почитуваат стандардите на доверливост, анонимност и приватност на клиентите. Најпрво ќе работи два пати во неделата, а потоа, доколку се процени дека има потреба, ќе биде отворено подолго. Целна група се млади на возраст од 10 до 24 години, а директни корисници ќе бидат и родители, поблиското семејство и други луѓе кои ги опкружуваат младите и се важни за нивниот развој, потоа наставниот кадар и стручните служби од средните училишта, психолози и педагози.

Оние што сакаат да се советуваат за некој личен проблем и имаат прашања или проблеми со злоупотреба на дрогите, нема директно да бидат означени како „корисници на дроги“ од околината. Загарантирана ќе биде нивната приватност и ќе биде оневозможено нивното етикетирање.

Советувалиштето како проект го реализира Асоцијација за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. со финансиска поддршка на Град Скопје во износ од еден милион денари.

- Реализацијата на вакви проекти е потврда за општествено-социјалната одговорност на Град скопје зашто преку отворање вакви и слични советувалишта за средношколците. младите правилно се насочуваат кон здраво живеење и нивно соодветно интегрирање во општествените процеси со што државата добива здрава популација подготвена да се соочи со сите животни предизвици, рече министерот Ристовски на отворањето.

Со отворањето на Советувалиштето Градот Скопје почнува да реализира уште еден проект кој значи исполнување на приоритетот во областа на примарната превенција од локалната стратегија „Зајакнување на програмите за превенција на злоупотреба на дроги меѓу младите како и зголемување на степенот на знаење кај стручните лица и родителите за работа со млади на превенција на зависностите“.

Како што рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски, главна цел на проектот е младите во Скопје, особено средношколската популација, да имаат подобар и полесен пристап до информации и советување за превенција од дроги и справување со проблемите од користењето на дрогите, рече градоначалникот Трајановски.

Проектот е насочен кон градење на капацитетите на стручните служби во училиштата за работа со млади, континуирана стручна поддршка и ресурси за превенција од дрога и рана детекција, едукација на младите во средните училишта преку креирање и спроведување на локални акциони планови во училиштата, зголемување на достапност до услуги за младите и родителите за советување за дрогите, кои се анонимни и нудат висока безбедност и стручност. Користи и пристап на вмрежување и координација меѓу средните училишта и советувалиштето за дроги за млади и родители преку кој на стручните служби ќе им се овозможува дневна комуникација и лесна достапност за итна интервенција при решавање на проблемите поврзани со дрогите кај младите/учениците.

За потребите на советувалиштето ќе биде ангажиран стручен кадар, психолози и педагози обучени за работа со млади, кои поседуваат ставови на неосудување, толеранција и почитување на различностите и однесувањата кај младите како и специјалисти - психијатри со долгогодишно и секојдневно работење на проблемите со дроги со младите.

Координативното тело за дроги на Град Скопје изминативе неколку години реализираше повеќе активности и проекти согласно Локалната стратегија и Акцискиот план за дроги на Град Скопје (превенција, лекување, рехабилитација и ресоцијализација, намалување на штети и градска безбедност)  (2008-2013).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...