Филе очекува позитивен извештај

а Груевски валоризација на сработеното и почеток на преговoрите со ЕУ

Скопје, 17 септември 2012 (МИА) - Еврокомесарот за проширување Штефан Филе очекува извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија што треба да биде објавен во октомври, да биде позитивен, имајќи предвид дека земјава направила многу во процесот на спроведување на обврските преземени со високиот пристапен дијалог.

- И неколкупати претходно ЕК врз основа на Извештајот за реализираните обврски им препорача на земјите членки на Македонија да и се даде датум за почеток на преговори за членство. Годинава нема сомнеж дека е направено доста во спроведување на реформите, во рамки на високиот дијалог меѓу Македонија и ЕУ, истакна еврокомесарот Филе по денешната средба со македонскиот премиер Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање дали позитивен извештај од ЕК би значел почеток на преговори за членство во ЕУ, доколку не постои спорот со Грција околу уставното име.

Сепак, вели, чесно е да се каже дека одлуките за почеток на преговори ги носат сите членки на Европската унија и тоа е политичка одлука.

- Затоа нагласив дека имплементацијата на она што е досега усвоено треба да продолжи до декември годинава. И затоа велам дека високиот пристапен дијалог меѓу Македонија и ЕУ и сите прашања кои досега ги покривме и резултатите од тоа ќе им помогне на земјите членки на Унијата да му пријдат на ова прашање конструктивно, истакна Филе

Високиот пристапен дијалог, смета Филе, на Македонија и дал можност да покаже што може да направи.

- Земјите членки ова го набљудуваат со голем интерес. Затоа е добро што Владата го реализира она што го имаше преземено во врска со изборните закони, декриминализацијата на клеветата. Но, работата треба да продолжи и натаму. Високиот пристапен дијалог го обележуваат две карактеристики - посветеност и партнерство. Убеден сум дека третата набргу ќе дојде, а тоа е целосно спроведување на она што досега е направено, рече Филе.

Премиерот Груевски очекува во извештајот на Европската комисија да биде препознаена работата и посветеноста на Владата во спроведувањето на преземените обврски и реформите, а соодветно на тоа и валоризирана.

- Почетокот на преговорите со Европската унија што поскоро, останува наша примарна цел. Таквата одлука ќе го задржи кредибилитетот на процесот на проширување на Европската унија и ќе даде сигурност на нашиот евроатлантски процес, истакна Груевски. 

Изминатите шест месеци, додаде тој, ги обележа импресивна интеракција меѓу Македонија и ЕК чија динамика содржина и суштина имаше многу позитивно влијание врз клучните реформи од ЕУ и пристапниот процес на нашата земја.

- Посакувам и се надевам дека сите заедно ќе работиме овој моментум да вроди со одредување датум од страна на ЕК за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ што поскоро, рече македонскиот премиер. 

Во врска со актуелната состојба во владината коалиција, премиерот Груевски посочи дека односите се комплексни и оти како коалициски партнери се соочуваат со  предизвици за кои, како што рече, се вложуваат напори да бидат надминати преку секојдневни контакти на различни партиски нивоа.

- Во потрага по излезни решенија се водиме од примарната цел за создавање простор за ефикасно и непречено спроведување на реформите и во таа насока би истакнал дека Владата и органите на државната управа работат со полн капацитет, а предизвиците и различните стојалишта, колку и да изгледаат непромосливи, немаат потенцијал да предизвикаат дестабилизација на меѓуетничките односи и тензии во општеството, рече премиерот Груевски.

Еврокомесарот Филе упати порака дека на политичките партии треба да им биде од поголема важност политичката стабилност, отколку етничката основа.  Рамковниот договор, додаде Филе, создаде можност и основа сите етнички заедници да живеат заедно.

Филе со Груевски денеска првпат го отворил и прашањето за добрососедските односи.

- Пораката што им ја пренесов на премиерот Груевски и неговите колеги е дека Македонија треба да остане посветена на подобрување на односите со сите соседи, конструктивно земајќи  ги предвид и чувствителностите на партнерите, рече Филе.

Премиерот Груевски истакна оти Македонија посакува и работи на остварување добри односи со сите соседи, но оти ова прашање не може да се гледа исклучиво само преку спорот што Грција го наметна со уставното име. Сепак, рече, остануваме посветени кон брзото решавање на ова прашање преку интензивирање на разговорите со посредство на ОН и директни билатерални контакти кои за жал последната година воопшто и ги нема.

Македонија, додаде, останува посветена и на унапредување на соработката со Грција во сите сфери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...