17 години од атентатот врз претседателот Глигоров

Скопје, 3 октомври 2012 (МИА) - Пред 17 години на 3 октомври беше извршен неуспешен атентат врз првиот претседател на самостојна Република Македонија Киро Глигоров, кој почина оваа година на 94 години.  Тој го преживеа атентатот во 1995 со тешки повреди на главата. 

Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеал атентатот.
 
Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија.
 
На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
13 цајкани одат на испит на факултет. Седнуваат еден позади друг, како на факултет.Ј . Влегува професорот и им задава една многу тешка задача. Треба да напишат една марка на кола....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на есперантската книга
37.- Роден е римскиот цар Нерон Клавдиј Цезар...
1675.- Умре холандскиот сликар Јан Вермер, кој...
1711.- Во Копенхаген изби епидемија на чума,...