Промовиран 6. том од Речникот на македонските говори во Југоисточниот егејски дел од Коста Пеев

Скопје, 14 ноември 2012 (МИА) - Во Македонската академија на науките и уметностите денеска беше промовиран шестиот том од Речникот на македонските говори во Југоисточниот егејски дел од проф. д-р Коста Пеев. Овој том е последниот, издание на МАНУ и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.

- Шестиот том од Речникот на македонските говори во Југоисточниот егејски дел од проф. д-р Коста Пеев е последен том со кој завршува и се комплетира првиот повеќетомен речник на еден дел од македонските говори. Важноста на ова дело се зголемува со фактот дека се работи за говори кои веќе полни 100 години се подложени на силни процеси кои водат кон нивно исчезнување, рече промоторот на шестиот том од Речникот проф. д-р Максим Каранфиловски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.

Материјалите во оваа шеста книга на Речникот се изложени на вкупно 468 страници. По воведниот дел следат речиси 400 страници на кои е сместен самиот Речник, кој според проценката на Каранфиловски, содржи најмалку 2.000 збора, а можеби и повеќе.

- Речникот во својата комплексност е ретка појава во македонската дијалектологија и лексикографија. Неговата вредност се зголемува со фактот што е изработен само од еден човек, иако тоа не е единствен случај во лингвистиката. Трудот на Коста Пеев со полно право може да се нарече и епохален, животно дело, врвен дострел на македонистиката и на македонската дијалектологија посебно. Труд и дело кои заслужуваат почит не само на македонистите, туку и на сите Македонци. Дело кое заслужува свое место во македонската историја, потенцира Каранфиловски.

Академик Блаже Ристовски направи пресек на животот и делото на проф. д-р Коста Пеев и за неговата 40-годишна работа врз шесте тома од Речникот.  

- Иако се работи за ретко истражувачко дело, објавувањето на првиот том од Речникот во 1999 година беше пречекан со извесна недоверба, скепса и со неочекувани лични и издавачки проблеми. Меѓутоа изданието беше со особен интерес примено од нашата стручна и меѓународна славистичка јавност, потсети Ристовски.

Првите четири тома ги издаде НИП Студентски збор, петтиот Фондацијата Трифун Костовски, а шестиот е издание на МАНУ и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.

Проф. д-р Коста Пеев изрази благодарност до Претседателството на МАНУ и деканската управа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје кои, како што рече, најдоа сили во ова кризно време од финансиски аспект да најдат можности за излегување на мојот последен том од едицијата Речник на македонските говори во Југоисточниот егејски дел.

Пеев им се заблагодари и на информаторите со кои работел, односно на нивните смејства бидејќи тие одамна не се живи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...