Не сме надлежни за спроведување на Законот за знамиња

Скопје, 21 ноември 2012 (МИА) - По однос на сите натписи со провокативна содржина или кои на некој начин провоцираат тензии, МВР во континуитет превзема мерки, нагласи министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска одговарајќи на новинарско прашање дали МВР ќе поведе истрага во врска со вчерашниот графит на влезот од Гостивар „добродојдовте во Албанија“.

- И во минатото сме имале слични ситуации кога сме ги документирале и сме поднесувале  соодветни пријави, појасни таа, по засадувањето на дрвца во кругот на МВР.

На прашањето која е институцијата што е надлежна за поставувањето албански знамиња без при тоа да биде истакнато знамето на Република Македонија и за промена на таблите во општина Гостивар, Јанкулоска без прецизен одговор затоа што, како што рече, не може да ги знае детално надлежностите на сите институции.

- МВР дефинитивно не е институцијата која има таква надлежност, но секогаш сме отворени за соработка со која било друга институција доколку од нас тоа биде побарано, изјави министерката Јанкулоска.

Таа повтори дека МВР не е институцијата надлежна за спроведување на Законот за знамиња, туку постојат други институции кои во соодветна постапка, посочи, ја надгледуваат или ја проверуваат имплементацијата на овој закон.

- МВР реагира доколку некои од нас побара помош. До овој момент никој од нас не побарал ниту помош, ниту доставил било какво барање поврзано со оваа проблематика, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...