Го очекуваме Нимиц со оптимизам

Атина, 7 јануари 2013 (МИА) - Грција сака решение кое ќе ги задоволи основните национални позиции, со почитување на историјата и културата на сите и кое ќе ја зајакне регионалната стабилност и безбедност, изјави грчкиот министер Димитрис Аврамопулос пред посетата на медијаторот Метју Нимиц на Атина и на Скопје.

- Турнејата на Нимиц е развој каков што сакаме затоа што може да создаде услови  за напредок во однос на прашањето за името. Тоа е резултат на нашата иницијатива за потпишување на меморандумот меѓу двете земји, во кој се поставува рамката за решение, рече Аврамопулос.

Тој потсети дека во заклучоците на Советот на министрите од декември се вели дека за да се почнат пристапните преговори треба прво да се решат сите отворени прашања за добрососедските односи, а „во случајот на Скопје е изнаоѓање на решение за прашањето за името“.

Во меѓувреме, „Катимерини“ пишува дека Нимиц доаѓа со нов предлог за името. Според весникот, новата иницијатива на Нимиц е резултат на контактите кои ги имал со претставниците на двете земји, амбасадорите Јолевски и Василакис во Њујорк, при што е создадена атмосфера во која, според извори во ОН, двете страни сериозно му пристапиле на прашањето што се покажува и со фактот дека ниту една од двете влади не ги откри последните идеи на медијаторот.

Со оглед на барањето на Атина за сложено име со географска одредница, во овој дух се движеше и последниот предлог на Нимиц кој беше „Република Северна Македонија“, а потоа размислуваше и за „Република Вардарска“. Повикувајќи се на извори во Обединетите нации, весникот пишува дека „понекогаш се навраќа на некои идеи кои претходно биле предложени и кои тогаш не биле прифатливи за двете страни, но денес можеби се“.

„Во секој случај, предлогот е сеопфатен. Атина бара едно име за секаква употреба како најрационално и практично решение. Се размислува за усвојување на сложено име за билатералните односи и меѓународните организации, и препорака до сите држави, со резолуција на Советот за безбедност ОН, за поширока меѓународна употреба. Земји како САД дадоа до знаење дека ќе го прифатат името што ќе биде договорено“, анализира „Катимерини“.

Присуството на „крутите за компромис“Андонис Самарас и Никола Груевски во властите на двете земји на прв поглед може да биде пречка за постигнување компромис, но извори на ОН проценуваат дека тоа би можело да дејствува како катализатор во смисла на тоа дека тие се двајца лидери во кои нивните народи имаат апсолутна доверба за справување со ова прашање, и затоа секој компромис што ќе го постигнат ќе биде прифатен од партиите и граѓаните на двете земји, пишува грчкиот весник.

Поддршката која Атина неодамна ја доби од ЕУ со тоа што решавањето на прашањето за името беше поставено како предуслов за почеток на пристапните преговори, се очекува Македонија да ја натера да покаже поголема флексибилност. Но исто така, релевантни извори истакнуваат дека Унијата сега очекува и од Атина да одговори. „Катимерини“ подвлекува дека во сличен дух е и изјавата на портпаролот на Стејт департментот кој ги повика Македонија и нејзините соседи „да работат за пристојно, практично и взаемно прифатливо решение за актуелниот спор што е можно побрзо, со цел на Скопје да му се отворат вратите на ЕУ и НАТО“.

„Иако досегашните дведецениски напори не вродија со плод, се чини дека Нимиц е одлучен да продолжи да се занимава со ова прашање. И покрај неговата возраст и фактот што не добива финансиска награда за својата работа, тој се чувствува обврзан да го направи она што може за да се дојде до решение. Неговото посредство двете земји го опишуваат како ’фер и искрено’“, заклучува „Катимерини“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...