Нимиц ќе разговара со македонскиот државен врв

Скопје, 11 јануари 2013 (МИА) - Медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц, денеска во Скопје треба да има средби со македонскиот државен врв на кои се очекува да презентира одредени идеи за надминување на долгогодишниот спор, откако тоа завчера го направи во Атина.

Нимиц вчера по пристигнувањето во Скопје изјави дека работи напорно за да се види дали е можно да се постигне некаков напредок.

Посредникот на ОН изутринава ќе се сретне со шефот на дипломатијата Никола Попоски, а потоа и со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.

Нимиц завчера во Грција имаше средба со премиерот Андонис Самарас и министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос. По средбата тој изјави дека грчката Влада со голема искреност сака да се постигне договор за прашањето за името. Истакна дека имале „куса, но интензивна дискусија“ и информира дека презентирал некои идеи за кои разговарале во детали.

- Не сакам да го употребувам зборот предлог, туку повеќе идеи за кои зборувавме во ноември во Њујорк. Имам некои размислувања кои ги презентирав тука. Истото ќе го направам и во Скопје и да видиме дали можеме да се доближиме, рече Нимиц.

Тој нагласи дека не може да открие што презентирал,  но изрази уверување дека дискусиите можат да се забрзаат и да се постигне „некакво решение“.

Грчките дипломати посетата на Нимиц на Атина ја оценија како одбележување на „многу раната фаза“ од новите напори за решавање на спорот, објави провладиниот „Катимерини“. Весникот посочува дека извори од МНР потврдиле оти медијаторот не донел специфични предлози туку презентирал „рамка“, која може да биде употребена за да се најде решение. Врз основа на ова, истите извори изразиле оптимизам дека предлогот што ќе го донесе Нимиц на следниот состанок ќе го задоволи барањето на Грција за решение кои ќе содржи географска одредница.

Американскиот Стејт департмент, пак, ги повика Македонија и Грција да ја искористат посетата на посредникот Нимиц на двете земји за да се најде решение.

- Нашиот став со години наназад е дека го поддржуваме процесот во Обединетите нации, и се надеваме дека Македонија и Грција ќе го искористат за да се изнајде решение на спорот за името, изјави за МИА висок претставник на Стејт департментот.

Од седиштето на американската дипломатија понатаму не ја коментираат посетата на Нимиц, со оценка дека очекуваат да слушнат што посредникот ќе има да каже по средбите во Атина и во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...