Нимиц со нови и конкретни идеи

Њујорк, 9 април 2013 (МИА) - Амбасадорот Метју Нимиц по средбата во Њујорк изјави дека на претставниците на Македонија и на Грција во разговорите за спорот за името им изнел нови идеи и размислувања, кои очекува двете земји сериозно да ги разгледаат.



- Имавме дискусија и на двете страни им претставив нови идеи од моја страна кои амбасадорите Јолевски и Василакис ќе ги пренесат на нивните влади, кои се надевам внимателно ќе ги разгледаат. Навистина се надевам дека двете страни ќе најдат позитивни елементи во овој предлог и дека ќе се постави патот за сериозни дискусии, и да се надеваме за решение. Идеите се конкретни и се надевам дека двете страни ќе се фокусираат на ова прашање. Нема да ви изнесувам детали. Покрај овие средби, имаме интензивна комуникација, некогаш лично, некогаш во Европа, некогаш телефонски. Добив многу реакции по последната рунда разговори, и се обидувам да ги рафинирам идеите, изјави амбасадорот Нимиц по едно и пол часовната заедничка средба со македонскиот амбасадор Зоран Јолевски и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис во просториите на Советот за безбедност во Обединетите нации во Њујорк.

Нимиц потенцираше дека Џефри Фелтман, заменикот генерален секретар на Обединетите нации за политички прашања, за првпат дошол на разговорите.

- Не посети потсекретарот Џефри Фелтман, кој зборуваше за неговото гледање на прашањето, и воедно дојде за да ги увери сите учесници дека генералниот секретар Бан Ки-мун лично е многу заинтересиран за ова прашање, и навистина се надева дека решение ќе се најде, изјави Нимиц.

На прашањето на МИА за интересот на европските држави за спорот меѓу Македонија и Грција, во пресрет на очекуваното отворање на преговорите за членство во Европската унија, Нимиц кажа дека интересот е голем.

- Може да се каже дека многу земји се заинтересирани за овие разговори. Јас добивам прашања од претставници на држави-членки, и разговарам со нив. Секако, повеќе европски држави се многу заинтересирани, потоа САД се заинтересирани, а повремено и држави од други делови на светот. Ова е многу важно регионално прашање, европско прашање и носи последици, изјави Нимиц.

Додека не изнајдеме решение, значи дека не сме нашле решение, одговори Нимиц на прашањето дали двете страни се оддалечуваат од постигнувањето на решение за спорот.

На прашање на грчките новинари, Нимиц кажа дека следната средба може да се очекува по околу два месеца, без да прецизира дали тоа би биле разговори во Њујорк или негова посета на Македонија и на Грција. Од македонска страна, на средбата Нимиц бил уверен дека Македонија е подготвена за негова посета. Грчкиот посредник Василакис, по прес конференцијата, најави дека следната средба може да се очекува по 5 мај, а како можна локација го навел и Брисел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...