Награда „Струшко изгрејсонце” за битолскиот писател Добре Тодоровски

Скопје, 9 мај 2013 (МИА) - Наградата „Струшко изгрејсонце“ за 2013 година ја доби писателот Добре Тодоровски од Битола, за романот „Прокоба” во издание на „Силсонс“. Наградата секоја година во Струга ја доделуваат издавачката куќа „Феникс” и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент” од Скопје, со цел да се стимулира и вреднува македонското творештво за деца и млади.

Годинава наградата се доделува по четврти пат, а досега ја добиле писателите Киро Донев, Петко Шипинкаровски и Панде Манојлов. 

Одлуката едногласно ја донеле членовите на жирито: Христо Петрески (претседател), Виктор Шеќеровски, Петко Шипинкаровски, Панде Манојлов и Светлана Ивановска (членови).

- Добре Тодоровски (1960) е раскажувач, романсиер и драмски писател. Неговите дела тематски се поврзани со настани од поновата историја, кои говорат за животот на човекот и народот, како белег на неговата опстојба на просторот од пошироката битолската околина. Карактеристично за неговото творештвото е тоа што во своите дела го користи народниот говор од нашето поднебје, со што се зачувуваат неговите локални белези... Романот „Прокоба“ е прозно четиво каде што писателот основата на самата приказна ја зема од народното живеење, верување или уверување на можностите за помош и заштита на луѓето, соопшти „Феникс“.

Тодоровски е член на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година, а од 2001 е член и на Македонското научно друштво-Битола. Главен и одговорен уредник е на научното списание „Прилози”. Добитник е на повеќе награди и признанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...