Министерот Спасов на одбележување на Денот на социјалните работници

Скопје, 10 јуни 2013 (МИА) - Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на социјалните работници во Република Македонија.

- Промоцијата на социјалната работа  е клучна за секоја  држава, но и голем императив за социјалните работници. Преку вклучувањето на социјалните работници во различни подрачја на делување ќе се  овозможи навремено идентификување на социјалните потреби и проблеми  на граѓаните, нивна социјална превенција, заштита на човековите права, како и  развивање на  нивните потенцијали за активно вклучување во подобрување на квалитетот на живот, истакна Спасов.

Додаде дека Владата на Република Македонија, преку Министерството за труд и социјална политика, ќе продложи да го јакне невладиниот сектор, како клучен стратешки партнер во креирањето и имплементацијата на владините политики и програми.

Претседателот на Здружението на социјални работници на Град Скопје, Славица Шекуткоска, во знак на признание за досегашната поддршка, соработка и заеднички постигнати успеси во реализирање на активностите на Здружението и Министерството за труд и социјална политика,  на министерот Спасов му врачи благодарница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...