Груевски на средби со кинескиот претседател и со премиерот

Скопје, 2 јули 2013 (МИА) - Премиерот Никола Груевски кој од вчера е во посета на Народна Република Кина, денеска во Пекинг ќе се сретне со претседателот на државата Си Џипинг и со премиерот Ли Кечианг.

Утре, македонскиот владин тим предводен од премиерот Груевски ќе присуствува и ќе се обрати на Конференцијата за соработка меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа што ќе се одржи во градот Чонгкинг. Станува збор за иницијатива поттикната од кинеската Влада, а организирана од кинеското Министерство за надворешни работи и локалната самоуправа на Чонгкинг чија цел е интензивирање на економската и политичката соработка на Кина со земјите од Централна и Источна Европа.

Во рамки на економската турнеја за привлекување инвестиции, премиерот Груевски и владината делегација која ја сочинуваат министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак, ќе остварат и повеќе поединечни средби со претставници на кинески компании од различни сектори кои се потенцијални инвеститори во нашата земја.

Премиерот Груевски вчера, пред официјалниот почеток на посетата, имаше интервју за најголемата и најгледана кинеска телевизија CCTV која емитува вести на сите континенти и има повеќе од 70 меѓународни претставништва. Се осврна на билатералните односи меѓу Македонија и Кина во повеќе сфери, на можностите за остварување динамична економска соработка, на зголемувањето на трговската размена и на соработката на полето на инвестициите. Посебно ги акцентираше реформите и поволностите за вложувања кои Македонија ги нуди на глобалните компании, вклучително и кинеските.

Груевски ги повика кинеските компании да инвестираат во Македонија, посочувајќи дека нивните инвестиции се добредојдени во нашата држава која може да ја искористат како поволна позиција и порта за инвестиции, производство и продажба на производи на европскиот пазар. Ја истакна и поволната отворена опција за можност за креирање специјализирана технолошко-индустриска развојна зона наменета само за кинески компании кои се заинтересирани да инвестираат во нашата земја и оттука да го покриваат европскиот пазар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1483.- Големиот шпански морепловец Кристифор...
1610.- Умре Микеланџело Караваџо, италијански...
1784.- Во Париз умре Дени Дидро, француски...
1849.- Во битката кај Шегешвар, борејќи се во...