Зошто е осомничен Паско Кузман?

Скопје, 15 јули 2013 (МИА) -  Постапувајќи по барање за проширување на истрагата „Фаланга“, МВР денеска поднесе посебен извештај против Паско Кузман (65) директор на Управата за заштита на културното наследство, осомничен за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Посебен извештај е поднесен и за Илче Бојчевски, Звонимир Николовски и Марија Пуљаз, за помагање во врска со злоупотребата на службената положба и овластување на Паско Кузман. Едно од пријавените лица, веќе се наоѓа во притвор во врска со претходно поднесена кривична пријава од случајот „Фаланга 2“.

МВР, потенцира на денешната прес - конференција портпаролот Иво Котевски, постапува исклучиво врз база на прибавените докази и трајно неселективно, врз основа на барање на судот и на Јавното обвинителство за проширување на истрагата. Превземени се дополнителни мерки и дејствија и врз основа на прибавените дополнителни докази поднесен е посебен извештај, а осомничените се изведени пред надлежен истражен судија.

Утврдено е, по извршениот увид во документацијата на УЗКН, дека Кузман во текот на 2011 година, поттикнат од второпријавениот раководител на одделението за превенција културното наследство, потпишал и издал согласност за изведување земјени работи односно за проверка на постоење културно историско наследство на локација на патниот правец Велешко езеро - Катланово и „Драмски рид“ кај Делчево. Котевски посочи дека од претходно доставени барања од физички лица за изведување земјени работи на овие локации од УЗКН биле издадени согласности во ноември 2011 година, иако, подвлече, Управата нема законска надлежност, ниту овластување за нивно издавање, туку може да издаде само дозвола за археолошки истражувања со претходно обезбедена соодветна документација.

Пријавените, преку издавање противзаконска документација, преку која барале и полициска асистенција, издавале и патни налози и трошоци..., го оштетиле буџетот на Република Македонија односно само за полициска асистенција МВР е оштетено за преку еден милион и двеста илјади денари. Целосната отштета допрва треба да биде утврдена.

- Во издадените согласности не биле наведени точните локации каде што требало да бидат изведувани ископувања односно потребните податоци за општата идентификација на наоѓалиштето, појасни меѓу другото портпаролот на МВР.

Тој информира дека од извршениот увид во документацијата на Управата не е констатиран ниту еден  записник за извршен инспекциски надзор на овие локалитетите, ниту каква било техничка документација кој што морало да се изготви при археолошки надзор.

- Се што е побарано од МВР е постапено. Остануваме отворени за соработка со Јавното обвинителство и со судот и доколу има во дополнителни нови докази во понатамошната истрага не е исклучена можноста пријавата да биде проширена односно да има нови посебни извештаи или делата за кои се товарат осомничените за некои да бидат надополнети со други нови пријави за кривични дела, рече Котевски.

Паско Кузман, на барање на Јавното обвинителство, денеска е изведен пред истражен судија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...