Македонија ги слави двата Илиндена

Скопје август 2013 (МИА) - Двата историски Илиндена - 110 години од Илинденското востание и 69 години од Првото заседание на АСНОМ  ќе бидат одбележани со големи народни собири на Мечкин Камен во Крушево и во Меморијалниот центар АСНОМ во кумановското село Пелинце.

На централното чествување во Крушево ќе присуствува  и ќе се обрати претседателот на Владата, Никола Груевски, кој е покровител на годинашната манифестација „Десет дена Крушевска Република“. Делегацијата ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот на хероите на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен, каде што ќе се одржи голем народен собир.

Собирот ќе биде збогатен со настапот на ансамблот за фолклор „Танец“, а на плоштадот „Никола Мартиновски“ во Крушево ќе настапи Културно-уметничкото друштво „Наум Наумовски-Борче“.
 
На чествувањето во Крушево, како и секоја година, ќе учествуваат  и коњаниците на традиционалниот Илинденски марш кои на 27 овој месец тргнаа од скопско Горно Лисиче кон Крушево.

Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ ќе трае до 10 август и ќе биде заокружена на Гумење со церемонија на спуштање на бајракот и стрелба за хероите на Илинден и Крушевската Република.

Во Меморијалниот центар АСНОМ во кумановско Пелинце, каде што исто така  ќе се одржи народен собир, ќе присуствува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Во Скопје, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе положи цвеќе и ќе има обраќање пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседателот на Президиумот на АСНОМ. Цвеќе ќе биде положено и пред спомениците на Никола Карев и на АСНОМ.

Од македонската Влада на прославата во Крушево ќе присуствуваат и министрите Никола Попоски и Фатмир Бесими, а во Пелинце владини претставници ќе бидат Владимир Пешевски и Сафет Незири. Во Скопје, владината делегација ќе ја сочинуваат Елизабета Канческа - Милевска и Талат Џафери.

Традиционално и годинава во битолското село Трново ќе се одржи 42. Светска македонска средба во организација на Матицата на иселениците, Светскиот македонски конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател... Слободната Република траела десет дена.

Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил  Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државнотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...