Претседателот на ДИК Борис Кондарко поднесе оставка

Скопје, 18 октомври 2013 (МИА) - Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко денеска поднесе оставка, како што наведува во пишаната изјава, поради лични причини. 

Кондарко информира дека поднел оставка на функцијата претседател на Државната изборна комисија и согласно одредбите од Изборниот законик побарал на првата наредна седница на Собранието да биде констатиран престанок на функцијата пред истекот на мандатот.

- Сметам дека дадов свој придонес во работата на Државната изборна комисија, а оставката ја поднесувам заради лични причини, посочува Кондарко во пишаната изјава.

Првата наредна седница на Собранието е закажана за в понеделник 21 октомври.

Борис Кондарко е претседател на ДИК на предлог на опозициската СДСМ. Пред два дена оттаму најавија дека тој најверојатно ќе поднесе оставка од лични причини.

Се очекува СДСМ со повеќе информации во врска со претседателското место на ДИК да соопшти на прес-конференција попладнево.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...