|
|
|
Поведена иницијатива за отворање италијански конзулат во БитолаБитола, 13 март 2014 (МИА) - Италијанскиот амбасадор Ернесто Масимино Белели денеска ја посети општина Битола каде се сретна со градоначалникот Владимир Талески со кого разговараше за повеќе теми во надлежност на локалната самоуправа.
- Италија и Македонија се блиски земји, врските меѓу нашите два народи се многу големи, а по денешната средба со градоначалникот Талески мислам дека имаме големи можности за соработка. Можеме да соработуваме во секторот култура, изучување на италијански јазик, учество на Битола во филмската продукција и копродукција што ја реализираат двете држави и создавање услови за работа на италијанските фирми и претприемачи со посебен фокус во земјоделскиот сектор, изјави амбасадорот Бенели.
Битола наскоро очекува отворање на италијански конзулат, директна соработка во реализацијата на проектот „Филмски град“ и италијански инвестиции што ќе овозможат нови вработувања.
- Италија недостига во милјето на почесни конзулати и збратимени градови со кои соработува Битола. Имаме конкретни предлози и очекувам наскоро да имаме почесен конзулат и нов збратимен град од нивната држава. На денешната средба го информирав амбасадорот за инвестициите во индустриската зона „Жабени“ и верувам дека во иднина ќе соработуваме со државата која има највисок процент на културно-историско богатство во светот, рече Талески по средбата.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Хасо отворил аптека. Еден ден морал да оди на службен пат, па го замолил Мујо да го замени. Кога се вратил Хасо од пат го прашува Мујо. - Се снајде ли! - Ееее, како не бе! - И... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...
|
|
|
|