Македонија ќе добие лабораторија за јонизирачко зрачење

Скопје, 25 март 2014 (МИА) - На Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје (ФЕИТ) наскоро ќе биде отворена лабораторија во која ќе се детектира храната која веќе била третирана со јонизирачко значење.

Мобилниот дел од лабораторијата веќе е набавен, а наскоро се очекува да пристигне и останатата опрема.

- Засега лабораторијата ќе се користи само за контрола што во Македонија како продукт влегува третирано со јонизирачко зрачење и каде се користи, односно дали од тие производи понатаму се прават нови производи во земјава, а во крајната фаза се размислува за воведување уред кој би ја зрачел храната и би го подобрувал нејзиниот квалитет, изјави проф. д-р Христина Спасевска, координаторот на проектот на паузата на Националната работилница чија цел е да се видат можностите за имплементација на технологии за јонизирачко зрачење за подобрување на квалитетот на материјалите и на храната во Македонија. 

Планирано е лабораторијата да биде сертифицирана и акредитирана според стандардите во Република Македонија.

- Станува збор за комплексен проект во кој покрај ФЕИТ се вклучени и Биотехничкиот факултет од Битола, Дирекцијата за радијациона сигурност, Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот инспекторат за земјоделство, рече Спасевска. 

Таа посочи дека јонизирачкото зрачење е технологија која е добро позната во светот и се користи четириесетина години  за подобрување на својствата на полимерите и на другите материјали.

- Последните 20 години јонизирачкото зрачење се користи и за стерилизација на опаковките кои се користат за пакување на производите, но и за подобрување на квалитетот на храната. Производите третирани со јонизирачко зрачење траат подолго, но европската легислатива не е целосно ускладена кога станува збор за користење на таква храна. Засега единствен производ третиран со јонизирачко значење кој може да биде користен во Европа се зачините и чаевите, прецизира Спасевска.

Ваквата технологија, посочи, не е задолжителна, но голем број на земји од Азија и Јужна Америка ја користат за да го подобрат квалитетот на нивните производи.

Ив Хенон, експертот на Меѓународната агенција за атомска енергија рече дека јонизирачкото значење има широка употреба ширум светот, но се уште не и во Македонија.

- Токму затоа сум тука кај вас за да помогнам да се зголеми интересот кај индустријата и истражувачките организации за оваа корисна технологија. Таа има многу примени, почнувајќи од подобрувањето на пластиката, па до заштита на храната за да се направи побезбедна, рече Хенон.

Тој посочи дека на работилницата ќе се расправа за разните можности што ги нуди јонизирачкото зрачење и за начинот на кој тоа може да се примени во блиска иднина во Македонија.

На работилницата се пристуни претставници од повеќе македонски компании, факултети и државни институции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се чуствуваше при првиот скок со подобран?
- Како птица. Летам и серам, летам и серам...
* * *

Се натпреварувале Русин, Американец и Македонец чив национален алкохолен...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска...
Верски календар
Свети Агапиј беше виден граѓанин на палестинскиот град Кесарија во времето кога во овој град христијаните ги гонеше некој си управник Урбан. Овој постојано ги изнесуваше...
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...