Силно невреме и земјотрес во Скопје

Невремето што го зафати главниот град предизвика проблеми во сообраќајот на повеќе улици. Критични се кај Стоковната куќа мост, булеварот „Киро Глигоров“, клучката кај хотелот „Континентал“, спроти зградата на Македонска телевизија, подвозникот кон Пржино, како и булеварот „Кочо Рацин“.

Паркирани автомобил пропадна во дупка што се отвори во населбата Ново Лисиче во Скопје по невремето. Според првичните сознанија, возилото пропаднало кога се одронила земја во градежната дупка зад бензинската пумпа на Окта на булевар „Србија“. Екипи на надлежните служби се на местото на настанот и работат на извелекување на возилото.

Во Ново Лисиче се работи и на поправка на пукнати цевки за гас и за вода. Во населбата вечерва има и прекин во снабдувањето со струја.

Од невремето покрај прекини и во снабдувањето со електрична енергија има и прекин со водоснабдувањето.

Поради настанатата ситуација вечерва заседаваше оперативното тело на Владата и град Скопје за координација и справување со поплавите, со кое раководеше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. На координацијата присуствуваа сите директори на јавните претпријатија и на Дирекцијата за заштита и спасување.

Екипи на јавните претпријатија, ЕВН и ГАМА се на терен и преземаат соодветни мерки согласно состојбата на теренот, предизвикана од силното невреме што синоќа го зафати Скопје.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој координира со Оперативното тело на Владата, и кој заедно со градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, посети повеќе критични точки настанати од невремето во Скопје, посочи дека засега нема пријави за повредени лица, а причинета е само материјална штета.

- Во контакт сме со Гама, од каде не информираа дека дефектот во Општина Аеродром кој беше предизвикан од удар од гром, е саниран и нема никаква опасност за населението. Во контакт сме и со ЕВН, од каде дознаваме дека мал број трафостаници се во дефект поради обилните врнежи од дожд. Сите екипи на ЕВН се на терен и се очекува наскоро да бидат санирани и овие проблеми, истакна Јанакиески.
Граѓаните може да пријавуваат настанати проблеми предизвикани од поројните дождови  на дежурните телефони во Град Скопје.

Градоначалникот Трајановски истакна дека се работи на оспособување на сообраќајниците и дека тие ќе бидат во функција до утре наутро.

Апелираше дека секој што е загрозен да пријави на телефоните за пријавување непогоди предизвикани од поплавите во Скопје  02 3073010, 02 3297295, 02 3297204.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека   во главниот град наврнаа за половина час триесет и седум литри на метар квадратен, а ветерот достигнуваше брзина од над 70 километри на час.

Оттаму посочуваат дека повеќе нема услови за пороен дожд во скопското подрачје. Водената маса е сосема ослабната и поместена кон исток.

И за денеска попладне од Управата најавуваат дека во поголемиот дел од Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Според прогностичките материјали, поголема веројатност за нестабилност ќе има во западните и југозападните делови, иако не е исклучена појава на нестабилност и во другите региони.

Вторник и во среда ќе има делумно стабилизирање на временската состојба.

Исто така, вечерва почувствуван е земјотрес со интензитет од пет-шест степени според Европската макросеизмичка скала-1998 во 23 часот и три минути, во Скопје и околината.

Епицентарот, како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потекнува од скопското епицентрално подрачје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...