Пратениците од СДСМ доставија оставки во Собранието

Скопје, 28 мај 2014 (МИА) -  Триесет и тројца пратеници од СДСМ и коалициските партнери кои на нотар потпишаа дека не ги прифаќаат мандатите, денеска доставија оставки до Собранието на Република Македонија.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев изјави дека партијата нема да  учествува во Парламент  што, според нив, не е одраз на вистинската волја на граѓаните. На тој став на опозицијата, нагласи, не може да влијае никој. 

-  Со овој чин се почитува одлуката донесена од органите и телата на партиите и се потврдува цврстата определеност на СДСМ и на коалициските партнери за неприфаќање на мандатите, рече Заев.

Според него, власта  насилно ги верификувала мандатите на пратениците на опозицијата, непочитувајќи ги Уставот и законите. Со поднесените оставки, рече Заев, јасно ставаат до знаење дека не може насила да се внесе опозицијата во Парламентот.

Во координација со коалициските партнери, информира Заев, СДСМ  подготвува платформа за натамошно вонпарламентарно дејствување,  со прецизни активности.

- Целта е јасна и единствена, враќање на демократските институции и создавање услови за одржување слободни и фер избори на коишто ќе биде реализирана вистинската волја на граѓаните на Република Македонија, рече  Заев.

Оставка на пратеничкиот мандат од опозициската коалиција не достави Роза Топузовска Каровска од ЛДП, која се изјасни дека ќе учествува во работата на Собранието.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...