Нимиц во Атина ќе се сретне со Венизелос

Атина, 30 јули 2014 (МИА) – Медијаторот Метју Нимиц денеска во Атина ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, соопшти грчкото МНР.

Како што јави дописникот на МИА, засега нема официјални информации дека Нимиц ќе има средби и со други претставници на грчкиот државен врв.

Медијаторот на ОН во грчко-македонскиот спор околу името вчера во Скопје се сретна со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски,  министерот за надворешни работи Никола Попоски и новиот македонски преговарач, американскиот амбасадор  Васко Наумовски.

Речиси сите грчки медиуми објавија извештаи за средбите на Нимиц во Скопје, истакнувајќи ја неговата изјава дека „прашањето за името е прашање кое засега многу земји, вклучувајќи ги САД и Германија, и тие сакаат да го видат решено со оглед на случувањата во светот“.

- Проблемите не треба да се оставаат да тлеат, туку да се решаваат навремено, ја пренесуваат грчите медиуми изјавата на медијаторот по средбата со премиерот Никола Груевски.

Како што се очекуваше, само некои од медиумите го пренесоа коментарот на Нимиц дека не  преговара за идентитетот.

- Народите си имаат свои идентитети и за нив не се преговара, туку тие ги креираат со своите дела, со својата култура. Оваа земја си има свој идентитет, рече Нимиц во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...