Уапсени „местачи“ на гласањето на Скопскиот фестивал меѓу кои и познати личности

Полицијата синоќа на повеќе локации направила претрес при што одзела телефонски картички под сомнение дека е направена измама со ниво учество во гласањето на Скопски фестивал. Во врска со случајот повикани се лица на разговор во Министерството за внатрешни работи.

Ова за МИА го потврди Министерството за внатрешни работи. Претресите се направени во повеќе локали во Скопје.

Портпаролот на МВР Иво Котевски  потврди дека меѓу повиканите лица се наоѓаат и познати личности.

- Се работи за класична измама со која директно би се оштетил буџетот на Република Македонија. Имено, правилото гласи дека смее да се гласа само еднаш од еден телефон, а со организираното купување на телефонски картички и гласање од истите, се прекршува законот – изјави Котевски за „Република“.

На Фестивалот синоќа учествуваа 20 изведувачи, а првото место му припадна на Даниел Кајмакоски, втора беше Тамара Тодевска и трета Евгенија Чанчалова - Еги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Како да претвориш мачка во свиња?
- Земи ја за жена.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1887.- Во Витебск, во Русија, е роден Марк...
1893.- Во Загреб е роден Мирослав Крлежа,...
1921.- Во селото Брусник, битолско, е роден...
1937.- Јапонската армија го нападна кинескиот...