Македонија дел од маршот за жртвите во „Шарли Ебдо“

Скопје, 11 јануари 2015 (МИА) - Марш во чест на убиените новинари и на другите жртви во масакрот во просториите на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ во Париз организира денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Собирот е инициран по повикот на Меѓународната федерација на новинари, Европската федерација на новинари, на француските новинарски синдикати, како и на бројни синдикати на новинари од Европа, кои ги повикаа сите колеги масовно денеска во исто време, во 15 часот, да учествуваат на маршот во чест на убиените новинари и на другите жртви во масакрот во „Шарли Ебдо“.

Маршот ќе започне од Паркот на новинарите (спроти зградата на некогашната НИП Нова Македонија) во 15 часот, а ќе заврши пред Француската амбасада во Скопје. ССНМ ја повикува новинарската фела и граѓаните да дојдат во Паркот на новинарите каде ќе можат да остават пораки со поддршка до колегите од Франција, а потоа да маршираат до Француската амбасада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца ненормални играат фудбал. После некое време едниот извикува:
- ПОЛУВРЕМЕ!!! Сега ти си топката.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1545.- Бродот „Мери Роус“, гордост на воената...
1814.- Роден е американскиот пронаоѓач Семјуел...
1834.- Во Париз е роден Едгар Дега, француски...
1866.- Умре германскиот математичар Георг...