Груевски: Правна и политичка разрешница ќе се случи

Куманово, 2 мај 2015 (МИА) - Правна и политичка разрешница ќе се случи.  Нашиот став е да има истрага и за нивните прекршувања на законите, но и за она за што нас не обвинуваат. Нам ни е потребна таква независна и траспарентна истрага и ќе направиме се што е во наша моќ за таа да биде биде темелна и транспарентна. Без таква истрага сите ќе останеме осомничени во очите на барем дел од народот. Не, ние сакаме да има истрага.

Ова  го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски во обраќањето на 15.Конгрес на партијата, кој се одржува во Куманово. 

- Ако во таа истрага се покаже и докаже дека некој од нас нешто погрешил, нека одговара пред законот и институциите, но ако не погрешил, треба и тоа да се објави, за да се тргнат валканиците кои Заев секојдневно ги фрла врз нас, рече Груевски.

Потенцира дека ќе се однесуваат соодветно и европски и ќе постапуваат онака како што би се постапило во секоја европска земја во ваков случај, иако, како што рече, ваков случај нема во Европа, каде со месеци шефот на опозицијата пушта на прес-конференции, а тоа оди на огромен број медиуми, нелегално снимени, па потоа креирани материјали заради остварување на своја лична амбиција да стане премиер без заслуга.

Според Груевски во целата оваа приказна има и добри елементи за нив.

-  Во нашите редови почна да има по некои кои после толку многу победи на избори почнаа да се опуштаат, некои да го менуваат однесувањето, некои  да добиваат разноразни идеи кои не се во ред, некои да стануваат арогантни и самобендисани, некои кои почнаа да мислат дека никогаш никој нема да не победи затоа што сме подобри, повеќе работиме и повеќе испорачуваме резултати кон народот, па самото тоа ги наведе кон опуштање и преголема комоција, итн., истакна Груевски. 

Овие бомби, независно колку разговорите се монтирани, креирани, сечени и лепени, нагласи,, сепак ни покажаа одредени слабости во системот кои мораме да ги адресираме и корегираме, ни ги збија редовите и не потсетија дека во политиката тешко се гради довербата и честа, а мали опуштања и грешки може брзо да го засенат или уништат тоа.

- Едноставно бомбите дополнително не созреаја, некои поединци и ги отрезнија, и не направија посилни и поспособни за поуспешно и поконцетрирано да продолжиме да му служиме на народот и на татковината. Од една подолгорочна перспектива, би рекол, дури и ако ги немаше некој требаше да ни измисли нешто што ќе не поттикне, за да ни помогне во услови на вака слаба опозиција. Само така ќе бидеме и поуспешни и подолгорочно, токму ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води и развива Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер. 

Тој смета дека ова е корисна лекција за нив и тоа  животна, не толку политичка.

- Подобро ваква лекција сега, подобро скокање во ладна вода сега додека не сме се опуштиле премногу, отколку да продолжеше опуштањето и на крај со  ладен туш од граѓаните на следните избори да не изненадат, потенцира Груевски. 

Посочи дека со обидот опозицијата да ги прикаже како лоши луѓе, како фалсификатори на избори, корумпирани криминалци преку креирани, сечени, монтирани и едитирани телефонски разговори кои како што кажа Заев ги прибавил од странска разуснавачка служба, за нив ќе биде една нова неуспешна епизода со деструктивно сценарио. А најавите, како што рече Груевски, за насилно преземање на власта, само дополнително укажуваат на нивниот хаос и залутаност во овој процес. 

- Фактот што не водат ни малку грижа за државните и националните интереси, за меѓународниот углед на земјата, за приватноста на оние со кои се изживуваат со креираните матерјали, за меѓуетничките односи, за безбедноста на граѓаните и нивната иднина, заслепени од желбата за власт без заслуга, само ми гарантира, дека така силно ќе загубат, што нема да знаат како да се повратат потоа, додаде Груевски на Конгресот во Куманово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во секс-шоп влегува бела жена и прашува:
- Колку ви е белиот вибратор?
- 40 марки.
- А црниот?
- И тој е 40 марки.
- Дајте ми го црниот, не сум имала таков до сега.
Излегува...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1187.- Арапскиот војсководец и египетски султан...
1452.- Роден е англискиот крал Ричард III, кој...
1608.- Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот...
1836.- Англискиот научник Чарлс Дарвин по...