Чавков и Мисајловски, нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски

Скопје, 13 мај 2015 (МИА) - Собранието на Република Макеоднија денеска за нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски ги изгласа Митко Чавков и Владо Мисајловски. Новите министри дадоа свчени изјави. 



„За“ двајцата гласаа по 71 пратеник. Воздржани за Чавков беа двајца, а против гласаше еден. Четворица пратеници беа против за Мисајловски. 

Премиерот Никола Груевски ги предложи Чавков и Мисајловски за нови членови на Владата откако оставки поднесоа Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески. 

Во своето образложение Груевски потенцира дека Јанкулоска и Јанакиески, како и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков кој исто така поднесе оставка, досега биле пример за раководење на тешки позиции и работливост.



- Се работи за личности кои дадоа огромен личен влог, во развојот на стабилноста и безбедноста на државата. Јанкулоска и Мијалков беа осум години на многу ризични и тешки за раководење позиции. Покажаа професионалност и патриотизам, смиреност, неверојатна лојалност кон државата и секогаш да застанат под браникот на татковината, рече Груевски. 

Под нивно раководство, потенцираше тој, граѓаните видоа како на најсложените и најкомплицираните предизвици како и последната успешна акција во Куманово, тие секогаш цврсто стоеја зад интересите на македонскиот народ, но и заштитата на безбедносните сили на Македонија.

- Тие се бореа за нив, а не праќаа насилници да ги навредуваат, рече Груевски.

Според него, тие заслужуваат почит и за нивната крајна цврста одлучност за справување со криминалот и корупцијата.

- Несомнено, нивното делување во овој правец ги доведе во ситуација да е трн во окото на секој криминалец. На тој план секојдневно расте бројот на нивни непријатели и противници, но беа одлучни во намерата да го исполниме она што им го ветивме на граѓаните а тоа е силна и непоколеблива борба против криминалците. МВР стана страв и трепет кај сите криминални групи. Секако дека сите нивни соработници дадоа огромен допринос, но сите знаеа кој го презема ризикот за секоја крупна акција, истакна премиерот Груевски.



Дел од акциите кои ги спроведоа Јанкулоска и Мијалков, според премиерот, ќе влезат во учебниците како пример за идните генерации, а благодарение на посветеноста на Јанакиески, градежништвото придонесе најмногу за целокупниот раст на целата економија.

За Јанакиески рече дека е фанатичен работник, неверојатно брз и динамичен, експедитивен, стручен и чесен човек и министер. Човек кој помагал секаде и секому и кој е неуморен работник. 

- Направи крупни реформи во ресорот кој го раководеше и ќе остане запаметен и меѓу вработените и меѓу фелата кој на почетокот гледаше на него со резерва пред се заради младоста и ненаметливоста, но многу брзо разбраа дека имаат министер кој е голем работник, пријателски настроен кон секого, исклучително стручен и со огромна волја за помош и развој на градежништвото, патниот транспортот, авиотранспортот, железничкиот транспорт, телекомуникациите и сите други ингеренции кои беа под негова надлежност. Истовремено и стратег и голем оперативец, министер кој создаде и остава зад себе многу дела, многу проекти и многу реформи, рече Груевски.

Покрај неговите законски обврски во неговиот ресор, тој, според него, бил најактивен министер во кризни ситуации во државата, независно дали станува збор за поплави, пожари, земјотреси, одрони на огромни свлечишта, снежни наноси или која било друга елементарна непогода. Секогаш беше прв на чело на колоната за помош, главен организатор на помошта на настраданите и санациите на штетите, координирајќи ги сите државни институции за пружање помош и интервенции во вакви прилики. Тоа, рече Груевски, го правеше до последен час во Владата, заклучно со координацијата на помошта на лицата чиј имот е оштетен во акцијата на полицијата во Куманово.

- Растот на градежништвото во неговите мандати беше предводник на целокупниот раст на целата економија. За многу крупни проекти, како што се градбата на аеродромите, автопатиштата, регионалните, локалните патишта, водоводи, канализации, жичарница, плажи, конкуренцијата и намалувањето на цените во телефонијата и многу други, стои неговиот труд и дело, рече премиерот.

За предлогот Чавков да биде министер за внатрешни работи, рече дека тој веќе 28 години работи посветено во МВР на сите ниво, почнувајќи од инспектор па до директор на Бирото за јавна безбедност која што е функција именувана од Владата, исклучително искусен човек во професијата со ниту една дамка во својата кариера.



- Јас подобро го запознав во последните неколку години, особено откако е директор на БЈБ, многу одговорна функција која со голем професионализам ја извршуваше. Тој беше дел од успесите на МВР во изминатиот период и одлично е навлезен во започнатите реформи во МВР,но и во сите други активности на МВР. Со оглед дека е човек кој одлично го познава Министерството тој ќе знае да го извлече максимумот од секој поединец во Министерството, рече Груевски.

Покрај работата во јавната безбедност, Чавков извесен период има работено и во УБК. Има учествувано, а голем дел и раководено голем број на крупни операции на МВР кои завршиле со успех.

Владо Мисајловски  е актуелен директор на Агенцијата за патишта на РМ која во моментов води крупни проекти за изградба на три автопати во Македонија, голем број на градби и конструкции на регионални и на локални патишта. Претходно беше државен секретар во Министерството за транспорт каде ја организираше работата на сите покрупни проекти на Министерството.



- Од тој агол исто како и Митко Чавков станува збор за човек кој одлично ги познава проектите на Министерството за транспорт, реформите кои се во тек во секторите кои се во надлежност на Министерството, проектите од Програмата на Владата и нивната динамика на реализација. Имајќи предвид дека ги познава и вработените во оваа институција тоа гарантира дека нема да има никаков застој во реализацијата на Програмата на Владата во областа на Министерството за транспорт, рече Груевски.

Во дебатата, Солза Грчева, независна пратеничка, истакна дека овој потег на оставки на Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков се задоцнети е недоволен чекор и оти народот бара оставка на Владата. Нејзините очекувања се дека после излезот од политичката криза Македонија ќе излезе почиста. Смета дека мора да се уважат барањата на граѓаните. Според неа, Мисајловски е млад за да биде министер. На триесет години, вели таа, се учи а не се министрува. 

Реплицирајќи и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски рече дека протестите против Владата ги организира политичка партија која што имаше 300.000 гласови на последните избори, но ВМРО-ДПМНЕ на последните избори имаше 500.000 гласови, така што мнозинството пратеници одлучува кој ќе биде во Владата и ќе ја раководи државата.

- Левицата никогаш нема дојдено легитимно на власт во овие дваесет години, заради тоа што после 2002 година дојде на власт заради сценирана ситуација, нешто слично како ова а 1991 година не победи на изборите а ја презема власта, изјави Димовски.  

Во врска со дискусијата за Мисајловски, рече дека триесет години не се малку ако на нив се гледа разумно. - Бранко Црвенковски на 28 години беше премиер, а Љубчо Георгиевски му беше заменик на Глигоров на 24 години. Мисајловски има големо искуство во раководењето, рече Димовски. 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски рече дека денеска очекувал да дебатира со пратениците од СДСМ, а во врска со протестите дека протестираат луѓе кои некогаш биле на високи позиции во СДСМ. 

Антонио Милошоски истакна дека во изминатите неколку месеци СДСМ сака Јанкулоска со монтирани материјали на селективен и подмолен начин да ја претстави како неработник, од исполнителен и вреден политичар да ја претстави како недостојна да биде на оваа сцена. 

Големи проекти на Јанкулоска, според Милошоски, се безвизниот режим, борбата против корупцијата и организираниот криминал - во 2015 Македонија е на 62 место на скалата на Транспаренси интернешнл, борбата против трговија со луѓе за што Македонија е меѓу првите луѓе... Најголем од овие проекти, според него, е воведувањето на безвизниот режим во 2009 година, во кој уживаат сите граѓани на Република Македонија. 

- Гордана Јанкулоска не преговара со криминалци, не преговараше со шверцери и не преговара со луѓе кои планираат да направат тероризам. Нејзин интерес беше безбедноста на Република Македонија и затоа говорат многу акции како „Планинска бура“; „Пепел“ или како акцијата во Куманово. Јанкулоска секогаш дејствувала одлучно, решително, црвсто и согласно законите и интересот на безбедноста на државата, рече Милошоски. 

Според пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија требаше да биде со завршени преговори со ЕУ доколку не беше грчкото вето. Овие денови Заев и екипата им даваат аргумент плус, рече Николовски. 

Пратеникот Љупчо Димовски оставките ги оцени како морален, висок и одговорен чин кон општеството. 

За Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ повлекувњето на Јанакиески, Јанкулоска и Мијалков е голема загуба на Владата, а пред се за интересите на граѓаните на Македонија. Според него, тие се личности кои имаат големо чувство за политичка и одговорност кон сопствената држава и народот. 

- Верувам дека со ова ќе се придонесе кон нормализација на политичката криза и остварување простор за правна разрешница за случајот „Пуч“, рече Илиоски. 

Независната пратеничка Љубица Буралиева смета дека реакцијата е задоцнета, но оцени дека се добри доколку доведат до норамализирање на состојбите во државата. 

За Лилјана Поповска политичката криза е причина за овие оставки.

- Да беше оваа ситуација пред 2,5 месеци сите ќе го поздравевме и ќе имнаше многу позитивно влијание. Но во овој момент нема да помогнат за да се смени состојбата со револтираните граѓани на улица, рече Поповска која смета дека мора да се договори преодна влада и организирање избори. 

На седницата присуствуваа 79 пратеници, и тоа од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ДУИ, ДПА и трите независни пратенички.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...