ЕУ е виновна за се што се случува во Македонија

Брисел, 21 мај 2015 (МИА) - Хрватската европратеничка Маријана Петир директно ја обвини Европската унија за сегашната политичко-безбедносна ситуација во Република Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Брисел на синоќешната расправа за Македонија во Европскиот парламент, политичарката од Хрватска го посочи прстот кон официјален Брисел за она што се случува со македонската држава.


 
- Стабилноста во Македонија е важна за стабилноста на целиот регион и за целата Европска унија. Македонија не смее повеќе да биде во чекалната, како поради македонскиот народ, така и поради кредибилитетот на Европската унија, рече хрватскиот член на Европскиот парламент Петир на пленарната седница на Европарламентот за состојбите во Република Македонија.
 
Изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите од страна на македонската полиција, што според Петир беа брутално убиени во терористички напад во Куманово, Хрватката предупреди дека, според нејзиното мислење, овој чин на вандализам немаше да се случи ако патот на Македонија кон НАТО не беше запрен. Со тоа, според неа, Македонија е оставена во чекалната.
 
Критикувајќи ја Европската унија и пред се Европскиот совет, кој ги блокираше преговорите со Македонија, хрватската европратеничка истакна:
 
- Виновникот за драматичната ситуација во Македонија најпрво треба да се бараат во засолништето на Европската унија, особено на Советот кој и покрај сите Резолуции на Европскиот парламент се уште става пречки на Македонија за отворање на преговорите, рече Петир.
 
Образложувајќи дека Македонија во декември 2005 година доби статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, а во октомври 2009 година Европската комисија даде прва препорака за отворање на пристапните преговори, што ја повтори уште петпати досега, хрватската европратеничка потенцираше дека процесот е запрен поради спорот за името со Грција, иако, како што напомена - Македонија во текот на годините ги исполни сите потребни услови, а и земјата бележи најголем економски раст во регионот.
 
- Македонија ги исполни сите потребни услови и заслужува да и се отворат пристапните преговори, истакна Петир и побара билатералниот проблем со името да почне да се решава во рамките на преговорите според моделот кој Хрватска и Словенија го користеа за решавање на билатералното прашање и кој се покажа како успешен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...