Три лица загинаа во напад во Дамаск

Дамаск, 28 јуни 2015 (МИА) - Три лица загинаа, а 12 се ранети денеска во минофрлачки напад на пазар во североисточниот дел на Дамаск, јави сириската државна телевизија.

Гранатата експлодира на пазар во округот Саруџах североисточно од центарот на градот.

Нападот е окарактеризиран како терористички, но не се соопштени повеќе детали.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот. 

Дамаск, седиште на Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад беше цел на жестоки напади кон крајот на минатата и почетокот на ова година.

Меѓутоа во последните неколку месеци градот беше поштеден од насилството кое се интензивираше во другите делови на земјата, каде бунтовничките групи се борат против сириската војска на неколку фронтови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...